Ајлук

Сателитска снимка на Ајлук. |
Ајлук (Маршалски Острови)
|
| Географија |
| Местоположба |
Тихи Океан |
| Координати |
10°19′40″ СГШ 169°56′00″ ИГД / 10.327778, 169.933333 |
| Архипелаг |
Ратачки Острови |
| Вкупно острови |
57 |
| Површина |
5,4 км2 |
| Земја |
|
|
| Демографија |
| Население |
513 (1998) |
| Народности |
Маршалци |
Ајлук (маршалски: Aelok[1]) е корален атол во Маршалските Острови. Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 57 мали островчиња. Атолот се наоѓа околу 72 км северно од Вотје и има вкупна површина од 5.4 километри квадратни. Атолот има лагуна која има вкупна површина од 177.45 километри квадратни. Главните островчиња се: Аџелеп, Алиеџ, Ајлук, Алкилве, Бароркан, Бикен, Енеџаброк, Енеџелар, Капен и Мариб. Поголем број од островите се на источниот дел од атолот. Западниот дел е воглавно составен од корален гребен. Лагуната има три главни влеза: Ерапу, Марок и Ененеман. Според податоците од 1999 година, на атолот живееле 513 жители.[2]
Историја [уреди]
Германија во 1884 година тврдела дека атолот е под нивна контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна по американска контрола. По независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.
- ↑ Marshallese-English Dictionary - Place Name Index
- ↑ Land Area and Population Density by Atolls and Islands (persons per square mile): 1973 to 1999
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]