Намдрик

Сателитска снимка на атолот |
Намдрик (Маршалски Острови)
|
| Географија |
| Местоположба |
Тихи Океан |
| Координати |
5°37′00″ СГШ 168°07′00″ ИГД / 5.616667, 168.116667 |
| Архипелаг |
Ралички Острови |
| Вкупно острови |
2 |
| Површина |
2,8 км2 |
| Земја |
|
|
| Демографија |
| Население |
814 (1998) |
| Народности |
Маршалци |
Намдрик или Наморик (маршалски: Nam̧dik[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од две островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и сочинува една од општините во државата. Атолот има вкупна површина од 2.8 километри квадратни и лагуна од 8.4 километри квадратни. Според податоците од 1998 година, на атолот живееле 814 жители. Намдрик се наоѓа 145 км југозападно од Џалуит и 117 км северозападно од Ебон. Поголемото островче на атолот го носи името Намдрик и двете островчиња се поврзани со корален гребен.
Историја [уреди]
Германија во 1884 тврдела дека Наморик е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]