Ајлингинае

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајлингинае
Сателитска снимка на атолот.
Географија
МестоТихи Океан
Координати11°10′N 166°20′E / 11.167° СГШ; 166.333° ИГД / 11.167; 166.333
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови25
Површина2,8 км2
Управување
Демографија
Население0


Ајлингинае или Аилингинае (маршалски: Aelōn̄in-ae[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 25 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот има вкупна површина 2.8 км2, а лагуната има 105.96 км2. Ајлингинае се наоѓа околу 13 км западно од Ронгелап и атолот има 3 метри надморска височина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1884 година Германија имала контрола врз атолот. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. По независноста на Маршалските Острови во 1986 година, атолот станал дел од новата држава. До 1954 година на атолот имало неколку жители, но тие биле евакуирани поради јадрените тестирања на Бикини.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]