Мили

Сателитска снимка на атолот. |
Мили (атол) (Маршалски Острови)
|
| Географија |
| Местоположба |
Тихи Океан |
| Координати |
6°08′00″ СГШ 171°55′00″ ИГД / 6.133333, 171.916667 |
| Архипелаг |
Ратачки Острови |
| Вкупно острови |
92 |
| Површина |
14,9 км2 |
| Земја |
|
|
| Демографија |
| Население |
1032 (1998) |
| Народности |
Маршалци |
Мили (маршалски: Mile[1]) е корален атол во Тихиот Океан, составен од 92 мали островчиња. Мили е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и воедно е една од општините во државата. Атолот се наоѓа околу 78 км југоисточно од Арно. Вкупната копнена површина на атолот е 14.9 километри квадратни и тоа го прави втор најголем атол во државата, по Кваџелејн, Атолот има лгуна со површина од 760 километри квадратни. Атолот е поделен со канал од атолот Надикдик, кој е доста помалав. Мили има вкупно население 1032 според податоците од 1999 година. Главното село се вика Мили, а покрај него на атолот се и: Налу, Енеџет, Луконор, Токева и Вау. Во Мили и Енеџет има по една мала писта.
Историја [уреди]
Во 19 век атолот бил под германска контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна бил под американска контрола. По независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]