Институт за хемија (Природно-математички факултет - Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Институт за хемија)
Институт за хемија
Зградата на Институтот за хемија
Надредена организацијаПриродно-математички факултет
Воспоставен1958 (како Хемиски институт)
Шеф на институтНаташа Ристовска
Подредени организацииЗавод за неор­ганска хемија
Завод за органска хемија и био­хемија
Завод за ана­ли­тичка хемија
Завод за физичка хе­мија
Поранешно имеХемиски институт,
Хемиски факултет
Адресаул. Архимедова бр. 5
Местоположба, ,
Координати42°00′04.4″N 21°27′12.6″E / 42.001222° СГШ; 21.453500° ИГД / 42.001222; 21.453500
Мрежно местоhttps://ih.pmf.ukim.edu.mk/
Зграда на Институтот за хемија
Карта
Општи податоци
Темелот удрен9 јуни 1962
Отворена10 октомври 1968
Проектирање и изградба
АрхитектАлександар Драгомановиќ
Доротеја Ложник
Архит. бироПроектантска куќа „Хидротека“, Белград
Главен изведувач„Граѓевинар“, Ниш

Институтот за хемијаинститут по хемија и еден од составните единици на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Катедрата по хемија започнала со работа во 1946 г., заедно со другите студиски групи на Филозофскиот факултет - прва на кој наставата почна да се изведува на македонски јазик. При првиот упис на студии по хемија се запишувале 56 студенти. Почетокот на работата на новоформираната студиска група, меѓу­тоа, одела со големи потеш­­котии.[1]

Како Хемиски институт[уреди | уреди извор]

Со издвојувањето,во 1958 година на Природно-математичкиот оддел од составот на Фи­ло­зофскиот факултет и со создавањето на Природно-математичкиот факултет, Катед­ра­та по хемија прераснала во Хемиски ин­сти­тут. Во Институтот тогаш биле створени три заводи: за неор­ган­ска и аналитич­ка, за органска и за физичка хемија.[1]

Хемиски факултет[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1976 до 1985 година, со реформите кои во тој период се случувале Хемискиот институт прераснал во Хемиски факултет.[1]

Институт за хемија[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1985 до денес, Институтот за хемија претставува дел од Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]

Во периодот од конституирањето на Институтот за хемија, должноста шеф на Инсти­тутот ја вршеле:[1]

Иван Петров (1985-1987), Глигор Јовановски (1987-1989), Благоја Топу­зов­ски 91989-1991), Богдан Богданов (1991-1995), Трајче Стафилов (1995-1999), Киро Стојаноски (1999-2001), Орхидеја Групче (2001-2005), Емил Поповски (2005-2007), Слоботка Алексовска (2007-2009), Љупчо Пејов (2009-2013), Марина Стефова (2013-2020), Слоботка Алексовска (2020), Владимир Ивановски (2020-2021), Наташа Ристовска (2021-)

Внатрешна организација на Институтот[уреди | уреди извор]

Институтот за хемија се состои од четири заводи: Завод за неорганска хемија, Завод за аналитичка хемија, Завод за физичка хемија, како и Завод за органкса хемија и биохемија.[1]

Подолу е дадена список на вработените наставници и соработници на Институтот поделени по заводи:

Завод за неорганска хемија Завод за аналитичка хемија Завод за физичка хемија Завод за органска хемија и биохемија

Научноистражувачка дејност на Институтот за хемија[уреди | уреди извор]

Институтот за хемија е една од најплодните научни установи во Република Македонија. Според податоците од Министерството за образование и наука, бројот на објавените трудови од наставно-научните работници на Институтот во спи­са­нија со фактор на влијание изнесува околу една третина од вкупниот број трудови објавени во вакви списанија од страна на сите истражувачи од Република Македонија.[2]

Треба да се напомене дека во периодот на изми­на­ти­ве 60 години вработените на Институтот за хемија објавиле вкупно 1464 научни труда. Од нив, 929 труда (65 %) се отпечатени во списанија издавани надвор од Македонија. Од овие, пак, 823 се печатени во научни спи­­са­ни­ја, а 106 во зборници на трудови од меѓународни научни собири. Преостанатите 535 биб­ли­о­граф­ски еди­ни­ци (35 %) ги сочинуваат 435 труда објавени во научни списанија во Македонија и 100 труда во зборници на тру­до­ви од научни манифестации одржани во Македо­ни­ја. Посебно заслужува да се одбележи фактот дека, според Science Citation Index, 617 труда (42 %) се објавени во списанија со фактор на влијание.

Разно[уреди | уреди извор]

Предавањето на Шехтман во Скопје.

На 23 мај 2023 година, Институтот и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија организирале предавање на кое зборувал нобеловецот за хемија од 2011 година, Дан Шехтман. Тој го посетил Институтот за хемија, и направил го предавањето насловено „Демографија, технолошко претприемништво и иднината на Македонија“ во тамошниот амфитеатар.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Историјат“. Институт за хемија. 20 март 2022. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 22 март 2022.
  2. Г. Јовановски (уредник), Природно-математички факултет, (1946-2006), Природно-математички факултет, Скопје, 2006, 221
  3. Дан Шехтман. (23 мај 2023) (in en). Technological Entrepreneurship - Key to World Prosperity and Peace. Скопје: Институт за хемија. https://www.youtube.com/watch?v=b5KzJTOwl14. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]