Белизе

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белизе
ГеслоSub Umbra Floreo  (Латински)
„Под сенката јас цветам“
ХимнаLand of the Free
Кралска химнаGod Save the Queen
Главен град Белмопан
17°15′ СГШ 88°46′ ЗГД / 
Најголем град Белизе
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици
Народности (2010)
Демоним Белизијци
Уредување Парламентарна демократија и Уставна монархија
 -  Монарх Елизабета II
 -  Генерален гувернер Колвил Јанг
 -  Премиер Дин Бероу
Законодавство Народно собрание
 -  Горен дом Сенат
 -  Долен дом Дом на претставници
Независност од Велика Британија 
 -  Датум 21 септември 1981 
Површина
 -  Вкупна 22.966 км2 (150.)
 -  Вода (%) 0,7
Население
 -  проценка за 2008[2] 334.297 (јули 2013)[1] (174.)
 -  Попис 2010 312.698 
 -  Густина 14.5 жит/км2 (212.)
БДП (ПКМ) проценка за 2012
 -  Вкупен 2,999 млрд. $[2] 
 -  По жител $8.753[2] 
БДП (номинален) проценка за 2012
 -  Вкупно 1,554 млрд. $[2] 
 -  По жител 4.535 $[2] 
ИЧР (2011) 0.702 (96.)
Валута Белизиски долар (BZD)
Часовен појас CST (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .bz
Повик. бр. 501

Белизе (англиски: Belize), или многу ретко Белисе[3] , е независна уставна монархија во Средна Америка, која се наоѓа на копнениот дел од овој континент. На север Белизе граничи со Мексико, на југ и запад со Гватемала, а на исток излегува на Карипското Море. Вкупната површина на државата изнесува 22.960 километри квадратни и има население од 333.220 жители, според проценките за 2010 година[4]. Иако шпанскиот и белискиот креолски јазик се зборуваат во државата, сепак англискиот е единствениот официјален јазик во Белизе, што ја прави единствена држава во копнена Средна Америка каде англискиот е официјален јазик. Должината на територијата на Белизе изнесува 290 километри, додека ширината изнесува 110 километри. Главен град на Белизе е Белмопан.

Белизе е држава со најмала густина на население во Средна Америка.[5] Прирастот на населението на Белизе е 2.21% според проценките за 2008[1] и истиот е најголем во регионот и Западната Хемисфера. Белизе има значајна улога во Мезоамериканскиот биолошки коридор, бидејќи земјата има богат копнен и воден животински и растителен свет.[6]

Белизе е културолошки уникатна земја во Средна Америка бидејќи таа е единствената нација со британско културно наследство. Поради историски и општествени причини, Белизе споделува големи сличности, како со средноамериканските копнени, така и со средноамериканските островски нации. Во тој сегмент, Белизе се смета за држава со силни врски и со карипските нации и со латиноамериканските држави. Државата е член на Карипската Заедница и Средноамериканскиот Интеграциски Систем.

Етимологија[уреди]

Потеклото на името „Белизе“ не е познато, но според една теорија, името потекнува од мајанскиот збор belix што значи „матна вода“ и истото се однесува за реката Белизе. Според друга теорија, името потекнува од шпанскиот изговор за презимето на шкотскиот пират Питер Валес, кои пак Шпанците го користеле за означување на една населба покрај реката Белизе, но и за самата река.[7] Според трета теорија, името можеби е донесено од Африканците кои имигрирале во државата од Кралството Конго. Се претпоставува Африканците го донеле името со нив, бидејќи денес во Ангола сè уште постои тоа име.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Белизе.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Белизе.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Белизе.

Административна поделба[уреди]

Области во Белизе

Белизе е поделен на шест окрузи, кои пак се поделени на 31 единица. Окрузите во Белизе се:

  1. Белизе
  2. Кајо
  3. Корозал
  4. Оринџ Вок
  5. Стен Крик
  6. Толедо

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Белизе.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Белизе.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Попис 2010“. „Население на Белизе 2010“. statisticsBelize.org. http://data.worldbank.org/country/belize. конс. 5 јули 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Белизе“. Меѓународен монетарен фонд. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2013/01/weodata/weorept.aspx?sy=2009&ey=2012&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=339&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=56&pr.y=19. конс. 18 април 2013. 
  3. Правопис на македонскиот јазик, стр. 156, Просветно Дело, Скопје, 2007
  4. Infolink Production Center (1 април 2007). „Statistical Institute of Belize“. Statisticsbelize.org.bz. http://www.statisticsbelize.org.bz. конс. 29 август 2010. 
  5. „World Population Prospects: The 2008 Revision Population Database“. United Nations. 11 март 2009. http://esa.un.org/unpp/. конс. 29 август 2010. 
  6. http://biological-diversity.info/Downloads/Ecosystem%20Mapping.zip
  7. British Honduras“. Encyclopaedia Britannica 12. (1892). New York: The Britannica Publishing Company. (конс. 25 октомври 2010)

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]