Јужни Словени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужни Словени
Južni Slaveni/Јужни Славени (бс.)
Южни славяни (бг.)
Јужни Словени (мк.)
Južni Sloveni (сл.)
Јужни Словени/Južni Sloveni (ср.) / (цг.)
Južni Slaveni (хр.)
Јужните Словени (темнозелено) на картата на Европа.
Вкупен број
29 милиони [1]
Подрачја со значајно население
Мнозинство: Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора. Малцинство: Австрија, Албанија, Грција, Италија, Косово, Романија, Турција, Унгарија.
Јазици
Јужнословенски јазици:
босански, бугарски, македонски, словенечки, српски, хрватски, црногорски
Вероисповед
православие, католицизам, ислам
Сродни народи
други Словени

Јужни Словени е заеднички назив за современите словенски народи кои живеат на Балканскиот Полуостров. Јужнословенски народи се: Македонците, Бошњаците, Бугарите, Србите, Словенците, Хрватите и Црногорците. Сите овие денешни народи се создадени преку еден етногенетски процес на мешање со други народи, но сепак локалните и светските експерти се едногласни дека словенскиот фактор е доминантен кај сите денешни Јужни Словени.

Историја[уреди | уреди извор]

Рани извори[уреди | уреди извор]

Словени во нивната татковина.

Малку е познато за Словените пред 5 век од нашата ера. Нешто што го знаеме за нивната историја пред 500-тите години е поврзана со изворите на византиските историчари.

Во неговите изворни дела Де Белис, Прокопиус ги опишува Словените како високи и цврсти, со светол тен и црвенкасто-руса коса, живеејќи во еден многу примитивен живот. Тие живееле во колиби, често оддалечени едни од други и често го менувале нивното место на живеење. Тие на власт немале само еден водач, туку подолго време живееле во „демократија“, однсно анархија. Тие најверојатно верувале во повеќе богови, но Прокопиус претпоставувал дека верувале во еден врховен бог. Тој често бил идентификуван како Перун, бог на молњата. Словените се бореле така што право го напаѓале нивниот непријател, вооружани со стрели и мали штитови, но тие не носеле панцири.

Овие информации биле истиснати од страна на историските извори на Стратегикон, кој ги опишал Словените како неорганизирани и луѓе бев водач, но сепак во голем број. Тој за нив напишал дека се луѓе кои не пуштале лесно да бидат освоени и друг да владее над нив. Тие ги правеле нивните живеалишта во близина на шуми, реки и мочуришта.[2] Јордан вели дека Словените имале нивен дом на Дунав, не далеку од северните порти. Наредна информација за Словените доаѓа од страна на владетелот Константин Порфирогенит, компилацијата историски извори „Чуда на Свети Димитар“ и слично.

Јужнословенски држави[уреди | уреди извор]

Етнографска карта на Балканот на англиски.

Денес има 7 држави каде Јужните Словени се мнозинство:[3]

Покрај овие, јужнословенски народи има и во:

Население[уреди | уреди извор]

Јужните Словени се поделени на две етнолингвистички групи: источни и западни Јужни Словени.[4]

Источни: (~9,000,000)

Западни: (~19,500,000)

 
Најголеми cities во јужнословенските држави
проценка за 1 октомври 2015
Бр. Држава Нас. Бр. Држава Нас.
Белград
Белград
Софија
Софија
1 Белград Србија 1,233,796 11 Ниш Србија 187,544 Загреб
Загреб
Скопје
Скопје
2 Софија Бугарија 1,231,981 12 Подгорица Црна Гора 185,937
3 Загреб Хрватска 790,017 13 Бања Лука Босна и Херцеговина 185,042
4 Скопје Македонија 506,926 14 Сплит Хрватска 178,102
5 Сараево Босна и Херцеговина 395,133 15 Крагуевац Србија 150,835
6 Пловдив Бугарија 338,153 16 Русе Бугарија 149,642
7 Варна Бугарија 334,870 17 Стара Загора Бугарија 138,272
8 Љубљана Словенија 277,554 18 Риека Хрватска 128,314
9 Нови Сад Србија 277,522 19 Тузла Босна и Херцеговина 110,979
10 Бургас Бугарија 200,271 20 Зеница Босна и Херцеговина 110,663

Религија[уреди | уреди извор]

Пред доаѓањето на Јужните Словени на Балканот, тие имале политеистичка религија. Словените имале свои богови, митологија и преданија. Дури и денес се зачувани некои остатоци од оваа политеистичка религија. Сепак денес Јужните Словени се следбеници на христијанството и исламот. Најголемиот дел се православни (Бугари, Македонци, Срби и Црногорци), а потоа следуваат католиците (Словенци и Хрвати) и на крај муслиманите (Бошњаци).

Јужните Словени по религија:

Галерија[уреди | уреди извор]

Личности
Места
Носии

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://joshuaproject.net/clusters/284
  2. Fouracre, Paul. The Cambridge Medieval History, Volume I.
  3. „CIA - The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 2012-09-22.
  4. Mile Nedeljković. Leksikon naroda Sveta. Beograd, 2001.
  5. https://joshuaproject.net/people_groups/10998
  6. https://joshuaproject.net/people_groups/13186
  7. https://joshuaproject.net/people_groups/10953
  8. https://joshuaproject.net/people_groups/14964
  9. https://joshuaproject.net/people_groups/14864
  10. https://joshuaproject.net/people_groups/11437
  11. https://joshuaproject.net/people_groups/13798

Поврзано[уреди | уреди извор]