Димитар Ковачевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
https://www.aa.com.tr/mk/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0/%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%B4%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/2475876
Ознака: Отповикано
Одбиена последната промена (од 95.0.32.95) и ја поврати преработката 4717293 на Идеологист: Првиот работен ден, но на функцијата формално стапува со неговиот избор од Собранието, што се случи на 16 јануари пред полноќ, околу 23.30 ч.
Ознака: Рачно отповикување
Ред 6: Ред 6:
| caption =
| caption =
| office = [[Премиер на Македонија]]
| office = [[Премиер на Македонија]]
| term_start = 17 јануари 2022
| term_start = 16 јануари 2022
| term_end =
| term_end =
| president = [[Стево Пендаровски]]
| president = [[Стево Пендаровски]]

Преработка од 12:25, 18 јануари 2022

Димитар Ковачевски
Премиер на Македонија
На должноста
Стапил
16 јануари 2022
Претседател Стево Пендаровски
Претходник Зоран Заев
Лични податоци
Роден(а) 1974
Куманово, СР Македонија,
СФР Југославија
Партија СДСМ
Професија економист, политичар

Димитар Ковачевски — македонски политичар и економист. Тој е актуелен премиер на Македонија, избран од Собранието на 16 јануари 2022 година. Претходно бил заменик министер за финансии во втората влада на Зоран Заев. За претседател на владејачката политичка партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) бил избран на 12 декември 2021 година. Ковачевски го наследил Зоран Заев на премиерската и партиската функција откако Зоран Заев се повлекол, наведувајќи пораз на локалните избори во 2021 година како причина.

Рани години и образование

Ковачевски е роден во 1974 година во Куманово. Средно образование завршил во Вотервил, гратче во Минесота, САД. Во 1998 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2003 година магистрирал на истиот факултет. Во 2008 година докторирал на Економскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора.

Неговиот татко Слободан Ковачевски e поранешен градоначалник на Куманово од 2000 до 2005 година и амбасадор на Македонија во Црна Гора по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во 2006 година.[1]

Професионална кариера

Ковачевски ја започнал својата работна кариера во Македонски Телеком, каде што од 1998 до 2005 година бил соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии. Од 2005 до 2017 година бил на низа директорски позиции во компанијата.[2]

Во 2017 година бил именуван за извршен директор на македонската телекомуникациска компанија „оне.Вип“ (ребрендирана во А1 Македонија во 2019 година), подружница на Телеком Австрија Групацијата, наследувајќи го Никола Љушев.[3] На оваа функција бил до 2018 година.

Политичка кариера

Ковачевски е член на СДСМ од 1994 година.[4] По предвремените парламентарни избори во 2020 година бил именуван за заменик министер за финансии во втората влада на Зоран Заев. Собранието го изгласало на оваа функција на 23 септември 2020 година.[5]

Зоран Заев најавил оставка и како премиер и како претседател на владејачката СДСМ по пораз на локалните избори во 2021 година. Тоа предизвикало нестабилност во кревкото владејачко мнозинство, кое што сепак го преживеало притисокот од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за гласање недоверба. Владата на Заев го зајакнала мнозинството во Собранието откако Алтернатива, која што претходно била во опозиција, влегла во владата. Ковачевски го придружувал Зоран Заев за време на преговорите со Алтернатива, при што се лансирало неговото име како најверојатен наследник на Зоран Заев. Со преговорите било договорено Алтернатива со влегувањето во владата да добие три министерски места, тројца заменици министри и раководни позиции во повеќе институции на централно и локално ниво.[6]

Откако премиерот Зоран Заев и официјално поднел оставка како претседател на СДСМ, Ковачевски победил на внатрепартиски избори одржани на 12 декември 2021 година, наследувајќи го Заев во партијата.

Зоран Заев поднел оставка и од премиерската функција на 22 декември. На 27 декември Централниот одбор на владејачката СДСМ, која што го предводи мнозинството во Собранието, го потврдила Ковачевски за мандатар.[7] Претседателот Стево Пендаровски на 29 декември му го врачил мандатот за состав на нова влада на Ковачевски.[8]

Премиер на Македонија

По дводневна расправа во Собранието за избор на нова влада, владата на Димитар Ковачевски е избрана пред полноќ на 16 јануари 2022 година со 62 гласа „за“ од пратениците.[9]

Академска кариера

Ковачевски бил доцент на два приватни универзитети од 2012 година, прво на Универзитетот Њујорк во Скопје, а потоа на Факултетот за бизнис економија и менаџмент при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, каде што во 2018 година бил избран за вонреден професор.

Наводи

  1. „Кој е Димитар Ковачевски, најсериозниот кандидат за наследник на Заев?“. Фокус. 17 ноември 2021. Посетено на 28 декември 2021.
  2. „Димитар Ковачевски - заменик-министер за финансии“. Влада на Република Северна Македонија. 2020-11-06. Посетено на 2021-12-29.
  3. „Трансфер во телекомуникацискиот сектор – по 18 години во „Телеком" Димитар Ковачевски станува директор на оне.Вип“. Сакам Да Кажам. 22 ноември 2016. Посетено на 17 јануари 2022.
  4. „Интервју – Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ: Ќе барам одговорност за сработеното и во СДСМ и во Владата“. СДСМ. 17 декември 2021. Посетено на 17 јануари 2022.
  5. „Собранието ги изгласа и замениците-министри во владата на Заев“. Сакам Да Кажам. 23 септември 2020.
  6. „Алтернатива доби три министерства - за ВМРО ДПМНЕ Заев плаќа за да остане на власт“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2022-01-10.
  7. „Димитар Ковачевски избран за мандатар на идната влада | DW | 27.12.2021“. Дојче Веле на македонски. 27 декември 2021.
  8. „Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски, тој најави враќање на довербата во политиката и институциите“. Сакам Да Кажам. 2021-12-29. Посетено на 2022-01-10.
  9. „Со само 62 гласа „за" избрана владата на премиерот Ковачевски“. 360 степени. 17 јануари 2022. Посетено на 17 јануари 2022.

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Зоран Заев
Премиер на Македонија
2022–
Наследник
моментален
Партиски функции
Претходник
Зоран Заев
Претседател на СДСМ
2021–
Наследник
моментален