Прејди на содржината

Универзитет Американ Колеџ Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Универзитет Американ Колеџ Скопје
ГеслоAmerican Style. American Way. American College.
Видприватен
Основан2005; пред 19 години (2005)
РекторМарјан Бојаџиев
Студенти564 (2018–19)[1]
МестоСкопје, Македонија
Кампус4.000 м2
ПрекарUACS
uacs.edu.mk

Универзитет Американ Колеџ Скопје (скр. UACS) — приватен универзитет основан во 2005 година. Седиштето е во Скопје, Македонија. Просториите на UACS опфаќаат 4.000 м2.

Факултети

[уреди | уреди извор]
  • Факултет за бизнис администрација
  • Факултет за политички науки
  • Факултет за правни науки
  • Факултет за компјутерски науки и информатичка технологија
  • Факултет за архитектура и дизајн
  • Факултет за странски јазици

Библиотека

[уреди | уреди извор]

Библиотеката на UACS има 1500 наслови или 6500 книги.

Од 2008 година, библиотеката на УАКС започнала со издаваштво. Првата книга што е издадена е Основи на статистика од Евица Делова, а после тоа библиотеката на УАКС продолжила со издавање на други книги: Макроекономија од Томе Неновски, Децентрализација на власта во Република Македонија од Зоран Шапуриќ, Кон универзиите од третата генерација од Ханс Визема, Животна средина и одржлив развој од Зоран Шапуриќ и други. Покрај овие книги, библиотеката има објавено голем број скрипти (23) и осум книги во електронска форма, според правилата утврдени од домашната библиотека (НУБ) во Македонија, кои исто така се содржани во Правилата за објавување на UACS.

Студентски совет

[уреди | уреди извор]

Студентскиот совет помага да се споделат идеите, интересите и грижите на студентите со професорите и ректорот. Исто така им помага на студентите да соберат средства за училишни проекти.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. „Запишани студенти на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија во академската 2018/2019 година“ (PDF). stat.gov.mk. Државен завод за статистика. Посетено на 30 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]