Сегашното време во македонскиот јазик или поретко наречено со латинскиот назив презент е граматичко време кое се користи за искажување на сегашни дејства. Формите на сегашното време се образуваат со додавање соодветни наставки на основната самогласка на глаголот.
За образувањето на сегашното време во македонскиот јазик се користат пет различни наставки и една нулта наставка. Како општо правило, според лице и број, табелскиот приказ на наставките е следен[1]:
еднина
множина
1.
− м
− ме
2.
− ш
− те
3.
∅
− ат
Истите наставки се користат за сите глаголи од сите три глаголски групи. Така имаме[1]:
а - глаголска група
и - глаголска група
е - глаголска група
Јас
гледам
носам
јадам
Ти
гледаш
носиш
јадеш
Тој, таа, тоа
гледа∅
носи∅
јаде∅
Ние
гледаме
носиме
јадеме
Вие
гледате
носите
јадете
Тие
гледаат
носат
јадат
Од промената на глаголите може да се види дека[1]:
формите за трето лице еднина немаат лична наставка, односно самото отсуство на наставката го означува лицето,
има промена на основната самогласка во прво лице еднина кај глаголите од е и и глаголски групи, и имаме а наместо е и и,
личната наставка за трето лице множина кај глаголите од е и и глаголските групи не се додава на основната самогласка, туку на општиот дел од глаголот.
Бидејќи во првото лице еднина основната самогласка и личната наставка се еднакви за сите глаголски групи, често во граматиките на македонскиот јазик се наведува -ам како наставка за ова лице додадена на општиот дел од глаголот.
Кај некои дијалекти има замена на глаголите од е-глаголска група во и-глаголска група, како на пример бриши, наместо брише, итн. Кај други дијалекти пак, често се додава гласот 'т' за трето лице едница, на пример: тој работит . Кај други пак, има бришење на гласот 'м' од наставката за прво лице, па имаме јас работа наместо јас работам.
Основното значење на сегашното време во македонскиот јазик е да означува дејство што се совпаѓа со времето на зборувањето - сегашноста. Ваквото значење се искажува со несвршени глаголи. Форми на сегашното време се образуваат и од свршени глаголи (пр. дојдам, кажам), но тие не означуваат вистинска сегашност и се несамостојни - се употребуваат со некои сврзници или честички како на пример ако, да, дури да/не, додека да/не, ќе и други[2].
пр: Ако дојдам навреме, ќе излезам да се сретнеме.
Покрај основното значење на времето, со сегашното време во македонскиот јазик може да се искаже и[2]:
↑ 1,01,11,2Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 117 / 118. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑ 2,02,1Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 188–190. ISBN978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)