Прејди на содржината

Нови Град (село)

Координати: 40°40.49′N 21°42.53′E / 40.67483° СГШ; 21.70883° ИГД / 40.67483; 21.70883
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нови Град
Βέγορα
Нови Град is located in Грција
Нови Град
Нови Град
Местоположба во областа
Нови Град во рамките на Суровичево (општина)
Нови Град
Местоположба на Нови Град во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°40.49′N 21°42.53′E / 40.67483° СГШ; 21.70883° ИГД / 40.67483; 21.70883
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЧалџиево
Надм. вис.&10000000000000550000000550 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно463
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нови Град (грчки: Βέγορα, Вегора; до 1926 г. Νεογράδ, Неоград[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 463 жители (2011).

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено 6 км северно од Чалџиево и 4 км југоисточно од градот Суровичево во котлината Сариѓол. Селото било на југозападниот брег на Островското Езеро, но денес езерото е повлечено на север.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во минатото селото било населено исклучиво со Македонци, кои насила биле истиснати од Турци, па Нови Град станало турска населба.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Новиград (Novigrad) било село Џумалиската каза со 20 домаќинства и 38 жители муслимани.[4]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Нови Град:

На половина час од гореспоменатото село [Елевиш], во планинска месност се наоѓа селото Новоград со 60 муслимански куќи. Данокот им е 8.200 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство. Почвата на ова село произведува особена сорта на кромид.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Нови Град (Нови Градъ) имал 500 жители Турци и 70 Роми.[6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Нови Град се состоел од 200 турски куќи.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Новиград се води како чисто турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 160 куќи.[7]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 773 жители, кои во 1920 г. станале 800.[3] Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место власта довела грчки колонисти од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Вегора.[8] Во 1928 г. Нови Град било чисто дојденско село со 308 жители од 89 семејства.[9]

Во 1940 г. селото имало 531 жител и продолжило да расте сè до 1960-тите, кога почнало да се намалува поради иселувања во градовите.[3]

Според истражување од 1993 г. селото е чисто дојденско, во кое „понтскиот грчки“ е зачуван на средно ниво.[10]

Земјиштен спор со Пателе

[уреди | уреди извор]

На крајот од 1980-тите жителите на Нови Град се впуштиле во земјиштен спор со жителите на соседното македонско село Пателе. Двете страни полагале сопственост врз 310 хектари новопојавено земјиште кое се ослободило со повлекувањето на Островското Езеро. Грчките жители на Нови Град веќе го сееле и орале земјиштето, додека пак оние на Пателе останале без разрешница. Кога во 1992 г. жителите на Пателе се обратиле кон управникот на Леринскиот округ, Пападопулос, за образложение зошто не им се дава земјата која им припаѓа, Пападопулос им одговорил:

Зошто тие се Понтијци, а вие сте Циганоскопјани.[11]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 531 553 601 442 469 573 479 463
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Главни производи на Нови Град се тутунот, грозјето и житото, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Јанаки Панајотов — борец во МОО од VIII Костурска дружина[12]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέογραδ -- Βέγορα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 166.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 82-83.
  5. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 152.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.251.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
  8. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  11. "Άγιος Παντελεήμων - Βεγόρα. Η ιστορία δύο χωριών". Ελευθεροτυπία, 15 март 1998 г.
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.532.