Знаме на Гренада

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Гренада
}}
Употреба државно знаме национално знаме национален симбол на Гренада
Сразмер 3:5
Усвоено 7 февруари 1974
Опис Црвено знаме со правоаголник во централниот дел, кој е поделен на четири дела во зелена и жолта боја. Во средината има црвен диск со златна ѕвезда, а на зелениот триаголник цвет. На црвената основа има по три жолти ѕвезди во горниот и долниот дел.
Творец Антони Џорџ
Знаме на Гренада 1967-1974

Знамето на Гренада е официјалното знаме во оваа карипска држава кое било усвоено на 7 февруари 1974 година. Шесте златни ѕвезди на црвената подлога ги претставуваат шесте парохии на Гренада, додека големата златна ѕвезда на црвен диск во средината на знамето го претставува главниот град. Дискот се наоѓа во квадрат кој е поделен на четири еднакви дела во златна и зелена боја. На левиот зелен триаголник се наоѓа приказ на индиски орев, главна земјоделска суровина на островот.[1] Боите на знамето се пан-африкански, па така црвената означува храброст и виталност, жолтата претставува мудрост и зелената претставува вегетација и земјоделство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FLAG OF GRENADA, CARRIACOU AND PETITE MARTINIQUE“. Government of Grenada. Архивирано од изворникот на 2008-02-19. Посетено на 2008-07-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]