Јудеопортугалскиот јазик бил мајчин јазик на Сефардите во Португалија пред XVI век и исто така во многу места на португалската еврејска дијаспора. Текстовите биле пишувани на хебрејска азбука или на латиница.
Бидејќи португалските Евреи се венчавале со други избркани Сефарди, бил под влијание на соседниот јазик ладино. Поради блиската сличност со стандардниот португалски јазик, јудеопортугалскиот исчезнал во Португалија, преживувајќи во секојдневна употреба од страна на дијаспората до почетокот на XIX век. Јудеопортугалскиот влијаел на јазиците папијаменто и сарамакански јазик.