Простагландин

Од Википедија — слободната енциклопедија
E1 - Алпростадил

Простагландините се липидни состојки кои се добиваат ензимски од масни киселини и имаат важни функции во животинските организми. Секој простагландин содржи 20 јаглеродни атоми, од кои пет градат прстен. Името простагландин доаѓа од простатата, бидејќи првиот простагландин е изолиран од семената течност во 1935 година од страна на шведскиот физиолог Улф фон Ојлер.