Соматотропин
| Хормон за раст 1 (питуитарен) | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
Хормон за раст | |||||||
| Назнаки | |||||||
| Симбол | GH1 | ||||||
| NCBI | 2688 | ||||||
| HGNC | 4261 | ||||||
| OMIM | 139250 | ||||||
| RefSeq | NM_022562 | ||||||
| UniProt | P01241 | ||||||
| Други податоци | |||||||
| Локус | Хром. 17 q22-q24 | ||||||
| |||||||
Соматотропинот (STH) или хормонот за раст (GH) е карактеристичен хормон со општо дејствување. Се продуцира од хипофизата и дејствува на најголемиот дел од телесните ткива, во кои стимулира синтеза на белковини, неопходни за растењето. Дејството на соматотропинот е особено изразено во периодот на детството и адолесценцијата до околу 24 годишна возраст, во кој се одвива интензивно растење на коските. Соматотропниот хормон исто така дејствува и врз вкупниот метаболизам (белковински, јаглехидратен и липиден).[1]
При хипофункција на хипофизата доаѓа до намалено лачење на хормонот за растење, што кај децата се предизвикува џуџест раст. При хиперфункција на хипофизата доаѓа до зголемено лачење на хормонот за растење. Кај децата тоа резултира со појава на хипофизарен гигантизам, а кај возрасните се јавува акромегалија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Соматотропин и соматолиберин – хормони одговорни за растот (Доктори.мк)“. Архивирано од изворникот на 2013-01-23. Посетено на 2013-04-15.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|