Македонско-српски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонско-српски односи
Map indicating locations of Macedonia and Serbia

Македонија

Србија

Македонско-српски односи се надворешните односи меѓу Република Македонија и Србија.

Историја[уреди | уреди извор]

СР Србија и СР Македонија во рамките на СФР Југославија

До 1991 година, и двете земји биле дел од составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По декларациите за независност на Хрватска и на Словенија од јуни 1991 година, Македонија по три месеци подоцна, во септември 1991 година прогласила независност. Армијата на ЈНА мировно се повлекла од Македонија, така што Македонија била единствената земја од поранешните југословенски републики која се здобила со независност без конфликт или војна. Сепак, билатералните односи не биле воспоставени.

Воспоставување на билатералните односи[уреди | уреди извор]

Сојузна Република Југославија, беше држава создадена на 27 април 1992 година, со одлука на Собранието на СФРЈ[1] воспоставила дипломатски односи со Република Македонија на 8 април 1996 година.[2] Воспоставувањето на билатералните односи било направено под уставното име на Македонија - Република Македонија .[3] Србија е една од 125 земји во светот, која ја има признаено Македонија под нејзиното уставно име [4] . Македонија има отворено амбасада во главниот град на Србија, Белград, како и Србија во Македонија во главниот град Скопје. Србија има и почесен конзулат во Битола.

Пауза и возобновување на билатералните односи[уреди | уреди извор]

Од воспоставувањето на билатералните односи, двете земји имале пријателски односи, но по признавањето на независноста на Косово од страна на Република Македонија во октомври 2008 година, македонскиот амбасадор бил протеран од Србија [5]. Оттогаш, прекинот на односите траел околу еден месец, при кое повторно биле воспоставени директни контакти помеѓу двете земји[6]. Новиот амбасадор на Македонија во Белград од мај 2009 година е Љубиша Георгиевски [7].

Црковен спор[уреди | уреди извор]

Црковниот спор помеѓу двете држави постои поголем временски период. Српската православна црква не ја признава Македонската православна црква, која прогласила автокефалност од Српската црква во 1967 година. Во посета на Македонија во мај 2009 година, претседателот на Србија Борис Тадиќ истакнал дека неговата земја сакала да пронајде решение околу ова прашање .[8] Српската православна црква во изминатите неколку години ја блокирала посетата на македонската државна делегација на манастирот Свети Прохор Пчински во јужна Србија на Денот на Републиката на Макмедонија односно 2 август, место каде што биле ставени темелите на македонската државност за време на Втората светска војна, односно место каде се одржало првото заседание на АСНОМ. Сепак, во 2009 година, Српската православна црква изненадувачки дозволила посета на делегација предводена од страна на претседателот Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски[9]

Трговија[уреди | уреди извор]

Србија е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. Трговската размена помеѓу двете земји во 2021 изнесувала 1,67 милијарди USD.[10]

Македонскиот извоз во Србија изнесувал 701 милиони USD, и главно отпаѓа на: железо и челик, нафтени деривати, фармацевтски производи и др. Увозот од Србија изнесувал 976 милиони USD. Најмногу се увезувале: електроспроводници, електрична енергија, железен отпад, сончогледово масло и др.[10]

Споредба на факти[уреди | уреди извор]

Македонија Македонија Србија Србија (без Косово)
Население 2.022.547 7.498.001
Површина 25.713 км2 88.361 км2
Густина на население 80,1/км2 91,9/км2
Главен град Скопје Белград
Најголем град Скопје - 506,926 Белград - 1.182.000 [11]
Општествено уредување парламентарна република парламентарна република
Службен јазик македонски српски
Религија 64,7% Православие, 33,3% Ислам, 1,3% Католицизам,
1,9% други
84,1% православие, 6,24% католицизам, 4,82% ислам,
1,44% протестантство, 3,4% атеисти
Етничка структура 64,2% Македонци, 25,2% Албанци, 3,9% Турци, 2,7% Роми, 4,0 други 82,86% Срби, 3,91% Унгарци, 1,82% Бошњаци,
1,44% Роми, 1,08% Југословени, 0,89% Словаци, 9,79% други
БДП (номинален) 10,718 $ по глава на жител 15,321 $ по глава на жител

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Устав на Сојузна Република Југославија (1992)“. Занемарен непознатиот параметар |јазик= (help)
  2. Ministry of Foreign Affairs - Republic of Macedonia
  3. Republic of Serbia - Ministry of Foreign Affairs
  4. „FM Milososki: Name row a result of Greece's desire to protect its myth of pure nation“. Архивирано од Government of the Republic of Macedonia изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2009-08-03. Посетено на 2021-09-02. the fact that 125 countries in the world have recognised Macedonia's constitutional name is a clear signal that the country has international support
  5. Deutsche Welle
  6. Извештај од А1: Србија да го врати македонскиот амбасадор
  7. Извештај од А1: Љубиша Георгиевски нов амбасадор во Белград
  8. „Извештај од МИА“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2009-10-22.
  9. „МИА“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2009-10-22.
  10. 10,0 10,1 (1) The Observatory of Economic Complexity (OEC)
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-08-14. Посетено на 2012-12-15.