Македонско-ватикански односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонско-ватикански односи

Македонија

Ватикан

Македонско-ватиканските врски и односи започнуваат со престојот на светите Кирил и Методиј во Рим (868/869).

Односите се продлабочуваат преку присуство на ватикански претставници на крунисувањето на Самуил за цар (Преспа, 976). Водат кон унијатство (во втората половина на XVII в. охридските архиепископи Порфириј Палеолог, Атанасиј I, Аврамиј и Мелетиј тајно го прифаќаат и спроведуваат католицизмот), односно, кон обновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во унија и канонско единство со Римокатоличката цркава во XIX в. Продолжуваат преку контакти меѓу претставници на TМОРО и на Католичката црква (писмена комуникација меѓу Гоце Делчев и католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини, во која тој е информиран за борбата на македонското револуционерно движење).

Во базиликата „Св. Kлимент“ во Рим секоја година на 24 мај се одржува црковно-државна манифестација насловена „Во чест на Св. Кирил“. Поклонение на македонска државно-црковна делегација на гробот на св. Кирил се практикува од 1979 г. Во 1985 г., Папата Јован Павле II со специјален документ ги прогласува светите Кирил и Методиј за апостоли на Европа.

Дипломатски односи меѓу Ватикан и РМ се воспоставуваат на 21 декември 1994 г. Прв вонреден и ополномоштен амабасадор акредитиран кај Папата како шеф на државата суи генерис е Димитар Мирчев (резидентен од Љубљана).

Прв апостолски нунциј акредитиран кај шефот на РМ е надбискупот Едмонт Фархарт.

Споредба на факти[уреди | уреди извор]

Македонија Македонија Ватикан Ватикан
Население 2.022.547 836
Површина 25.713 [[км2]] 0,44 км2
Густина на население 80,1/км2 1877/км2
Главен град Скопје Ватикан
Најголем град Скопје - 506,926 Ватикан - 836
Општествено уредување парламентарна република апсолутна теократија
Службен јазик македонски нема, во употреба се италијански и латински
Религија 64,7% Православие, 33,3% Ислам, 1,3% Католицизам,
1,9% други
100% Католицизам
Етничка структура 64,2% Македонци, 25,2% Албанци, 3,9% Турци, 2,7% Роми, 4,0 други Италијанци, Швајцарци и други.
БДП (номинален) 10,718 $ по глава на жител н.п.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, том I и II, УКИМ, Скопје, 1981.
  • Виктор Габер, За македонската дипломатија, Скопје, 2002.