Македонско-француски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонско-француски односи

Франција

Македонија

Македонско-француските односи се надворешни односи меѓу Република Македонија и Република Франција. Овие односи се одликуваат со високо ниво на соработка меѓу двете земји. Односите со Француската Република ги карактеризира отворен и конструктивен дијалог, со континуирано продлабочување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес.[1]. Македонија и Франција воспоставиле дипломатски односи на 27 декември 1993 Меѓу двете земји се одвива динамична соработка во многу други области – во областа на културата, каде соработка датира од отворањето на Францускиот културен центар во Скопје во 1974, а се одвива врз основа на Договорот за соработка во доменот на културата, образованието, науката и техниката (1998) и Договорот за соработка меѓу Министерствата за култура (2010); во областа на образованието и науката преку бројни стипендии; во внатрешните работи се бележи динамична соработка, особено по стапувањето на сила на Договорот за соработка од областа на внатрешната безбедност (2006); соработката во одбраната е континуирана, а се заснова на Спогодба за соработка во областа на одбраната, Протокол во врска со стандардизација на материјалите од областа на одбраната и МзР со Европската компанија за аеронаутичка одбрана и простор - ЕАДС. Во областа на социјалната политика повеќе години соработката се остварува преку размена на искуства, експертски мисии и студиски посети. Во областа на здравството, досега успешно се реализираше проектот за системот за трансфузиологија во Македонија, а се иницирани активности за соработка со повеќе универзитетски болници. Исто така, со Регионот Долна Нормандија се одвива динамична соработка, која согласно програмата за работа за периодот 2013-2016 е насочена на следните оски: нови информатички технологии, млади, попис на културно наследство, културни политики, развој на земјоделството, туризам и човекови права.

Поважни настани[уреди | уреди извор]

  • 27.12.1993 г. - Воспоставени дипломатски односи меѓу Република Македонија и Француската Република
  • 9.5.1996 г. - Посета на претседателот Киро Глигоров на Франција
  • 29.1.1998 г. - Посета на претседателот на Владата, Бранко Црвенковски на Франција
  • 9.2.1999 г. - Посета на претседателот Киро Глигоров на Франција
  • 28.2.1999 г. - Посета на претседателот на Франција, Жак Ширак на Македонија, средба со претседателот Глигоров и претседателот на Владата, Љубчо Георгиевски
  • 28.2 - 3.3.2001 - Работна посета на претседателот Борис Трајковски на Франција, остварени средби со претседателот Ширак, премиерот Жоспен, како и со француските министри за надворешни работи и за одбрана
  • 24 - 28.5.2001 - Во посета на Македонија престојуваше претседателот на групата за француско-македонско пријателство во Националното Собрание на Франција, Филип Дурон, беше примен од страна на претседателот на Собранието, Стојан Андов
  • 26 - 27.6.2001 - Во посета на Македонија престојуваше сенаторот Робер Бадентер, во својство на експерт од областа на уставното право, со цел експертска помош во политичкиот дијалог под покровителство на претседателот Борис Трајковски
  • 10.3.2001 г. - Посета на францускиот министер за надворешни работи, Ибер Ведрин на Македонија, средба со министерот за надворешни работи, Срѓан Керим, примен и од претседателот Трајковски и претседателот на Владата, Љубчо Георгиевски
  • 1.8.2002 г. - Посета на министерот за надворешни работи Слободан Чашуле на Франција
  • 20.12.2002 г. - Посета на министерот за надворешни работи Илинка Митрева на Франција
  • 8.6.2003г. - Посета на премиерот на Франција Жан Пјер Рафарин на Р Македонија
  • 1 - 20.1.2004 г. - Посета на премиерот на Р Македонија Бранко Црвенковски на Франција
  • 15.10.2004 г. - Посета на министерот за надворешни работи на Франција Мишел Барние на Македонија
  • 4 - 5.2.2008 г. - Посета на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на Франција
  • 5 мај 2009г. - Претседателот на Владата, Никола Груевски оствари посета на Франција и се сретна со францускиот претседател Никола Саркози
  • јули 2013 г. - Средба на претседателот Ѓорге Иванов со францускиот претседател Франсоа Оланд на регионалниот Самит на земјите од Западен Балкан во Брдо кај Крањ, Словенија
  • 1 - 25.11.2013 г. - Работна посета на министерот за надворешни работи, Никола Попоски на Франција и средба со неговиот домаќин Лоран Фабиу

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]