Македонско-украински односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонско-украински односи
Map indicating locations of Macedonia and Ukraine

Македонија

Украина

Македонско-украинските врски и односи се воспоставуваат уште по покрстувањето во средниот век (998), а се развиваат и по поразот на Австрија во Австриско-турската војна (1683 - 1699), кога значителен број Македонци со австроунгарската војска се повлекуваат во денешна Војводина и Унгарија, од каде, соочени со опасноста од покатоличување, со дозвола на руската царица Екатерина, се населуваат по текот на Днепар, кога се формира и македонски хусарски полк.

Во 1900 г. во Киев, потоа и во Одеса, се формира Македонско студентско друштво, а подоцна и Таен македонско-одрински кружок.

Украина ја признава РМ на 23 јули 1993 г., а дипломатските односи се воспоставуваат на 19 ноември 1996 г.

Договорот за пријателство и соработка меѓу Украина и Република Македонија, со којшто се обележаа основните правила и насоки на развојот на билатералните односи, беше склучен за време на официјалната посета на Претседателот на Украина, Л.Кучма, на 16-17 декември 1998 година, на Македонија.

Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Украина e Владо Блажевски.

Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Украина во Македонија e Вјачеслав Поквалски (нерезидентен, од Софија).

Во јуни 2000 година беше отворено дипломатко претставништво на Украина во Република Македонија.

Во ноември 2001 година беше отворена Амбасадата на Украина во Република Македонија.

Во војната од 2001 г. Украина и помага на Македонија, снабдувајќи ја со оружје и авиони.

Се развива активна соработка на МАНУ со Националната академија на науките на Украина.

Украина од 2011 година има почесен конзулат во Битола[1]

Официјални посети и преговори на високо ниво[уреди | уреди извор]

На ниво на Претседатели[уреди | уреди извор]

  • На 28 јуни 2004 год. Преговори меѓу Претседателот на Украина Леонид Кучма и Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во рамките на Самитот на НАТО (Истанбул, Турција)
  • На 18 февруари 2005 год. Преговори меѓу Претседателот на Украина В. Јушченко и Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски (Загреб, Хрватска)
  • Од 27-28 јуни 2005 год. официјална посета на Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски во Украина
  • Од 1-2 декември 2005 год. учество на Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски на Форумот за Демократски Избор (Кијив)
  • На 11 ноември 2008 год. Преговори меѓу Претседателот на Украина В. Јушченко и Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски (Варшава, Полска)
  • Од 24-25 февруари 2010 год. посета на Претседателот на Република Македонија Г. Иванов во Украина, учество на церемонијата на инаугурација на Претседателот на Украина В. Јанукович
  • На 13 јуни 2013 год. преговори меѓу Претседателот на Украина В. Јанукович и Претседателот на Република Македонија Г. Иванов во рамките на ХVIII Самит на Претседатели на Средна и Источна Европа (Братислава, Словачка)
  • Од 7-8 јуни 2014 год. посета на Претседателот на Република Македонија Г. Иванов во Украина за учество во настаните по повод инаугурацијата на Претседателот на Украина Петро Порошенко
  • На 24 август 2021 година учество на Претседателот на Македонија Стево Пендаровски во свеченостите по повод Денот на Независноста на Украина

На ниво на Премиери[уреди | уреди извор]

  • Од 4-5 март 2004 год. Официјална посета на Премиерот на Украина В. Јанукович во Република Македонија
  • На 25 ноември 2005 год. Преговори меѓу Премиерот на Украина Ј. Ехануров и Претседателот на Владата на Република Македонија В. Бучковски во рамките на одржувањето на Самитот на Шефови на Влади на земјите од Централно европската иницијатива (Пештани, Словачка)
  • 2-4 ноември 2010 год. Официјална посета на Претседателот на Владата на Република Македонија Н.Груевски во Украина

На ниво на Претседатели на парламенти[уреди | уреди извор]

  • Од 22-23 јануари 2005 год. посета на Претседателот на Собранието на Република Македонија Л. Јордановски во Украина, учество на церемонијата на инаугурација на Претседателот на Украина В. Јушченко
  • На 22 ноември 2017 год. Посета на Групата на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Македонија
  • На 29 мај 2018 год. Посета на собраниската делегација на Собранието на Република Македонија во Украина.
  • Од 10-12 јуни 2021 год. Работна посета на пратеничката група на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Македонија.

На ниво на Министри за надворешни работи[уреди | уреди извор]

  • Од 19-20 октомври 2004 год. официјална посета на Mинистерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко во Република Македонија
  • На 25 мај 2005 год. Преговори меѓу Министерот за надворешни работи на Украина Б. Тарасјук и Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија И. Митрева за време на спроведувањето на Безбедносниот форум на EAПC (Оре, Шведска)
  • На 27 јули 2005 год. Преговори на Министерот за надворешни работи на Украина Б. Тарасјук со Министерот за надворешни работи на Република Македонија И. Митрева во рамките на официјалната посета на Украина од Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски
  • На 3 мај 2008 год. Преговори меѓу Министерот за надворешни работи на Украина В. Огризко и Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на 15-тиот Самит на Шефови на држави од Централна Европа (Охрид, Македонија)
  • Од 29-30 октомври 2008 год. официјална посета на Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски во Украина
  • На 28 јануари 2010 год. Средба на Министерот за надворешни работи на Украина П. Порошенко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на Меѓународната конференција за решавање на ситуацијата во Авганистан (Лондон)
  • На 6 февруари 2010 год. Средба на Министерот за надворешни работи на Украина П. Порошенко со Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на 46-та Минхенска безбедносна конференција (Германија)
  • Од 16-17 јули 2010 год. средба меѓу Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на неформалниот министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ (г. Алмати, Казахстан)
  • На 26 септември 2011 год. средба на Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија Н. Попоски во рамките на 66-тата сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк
  • На 28 септември 2012 год. средба меѓу Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија Н. Попоски во рамките на 67-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
  • На 13 јуни 2012 год. средба меѓу Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија Н. Попоски за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЦЕИ (г. Трст, Италија).
  • Од 11-12 април 2018 година Официјална посета на Министерот за надворешни работи на Украина П. Климкин во Република Македонија
  • 23 август 2021 година учество на Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи на Самитот на Кримската платформа (Кијив)

Наводи[уреди | уреди извор]

Врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]