Прејди на содржината

Македонско-словенечки односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонско-словенечки односи
Map indicating locations of Macedonia and Slovenia

Македонија

Словенија

Македонско-словенечките односи се надворешните односи меѓу Македонија и Словенија. Двете држави имаат многу блиски политички и економски односи. И двете републики биле дел од СФРЈ и подоцна прогласиле независност (Словенија во јуни, Македонија во септември) и се признаа меѓу себе на 12 февруари 1992.[1] Дипломатските односи меѓу двете држави беа воспоставени на 17 март 1992.[2] Словенија го поддржува суверенитетот, територијалниот интегритет, Евро интеграцијата и визната либерализација на Република Македонија.[1][3] Има значаен број на словенечки инвеститори во Македонија. Во 2007, беа инвестирани околу 70 милиони евра.[4] Во јануари 2009, македонскиот премиер Никола Груевски рече дека тој очекува повеќе словенечки инвестиции во инфрастуктурата и енергетски проекти.[4] Словенија е првата држава која ја признала Македонија.

Македонија има амбасада во главниот град, Љубљана. Словенија има амбасада во Скопје и почесен конзулат во Битола.

Потпишани договори

[уреди | уреди извор]
  • Договор за слободна трговија
  • Договор за меѓусебна промоција и заштита на инвестициите
  • Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал


  1. 1,0 1,1 Republic of Slovenia - Government Communication Office[мртва врска]
  2. Macedonian Ministry of Foreign Affairs - Established full diplomatic relations with the Republic of Macedonia
  3. „Government of the Republic of Macedonia“. Архивирано од изворникот на 2017-03-05. Посетено на 2012-10-28.
  4. 4,0 4,1 Vecer Online