Македонско-австралиски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонско-австралиски односи

Македонија

Австралија

Македонско-австралиските врски и односи се воспоставуваат со почетокот на иселувањето на Македонци во Австралија (крајот на XIX в.). Во Мелбурн се формира огранок на МПО (1936), во Перт прво македонско културно здружение „Единство“ (1939), мрежа македонски организации (1941–1946), се одржува конференција за нивно обединување во Македонскоавстралиски народен сојуз (1946) и во Мелбурн се формира првата македонска црковна општина во странство (1960). Австралија ја признава РМ на 15 февруари 1994 г. Дипломатски односи се воспоставуваат на 20 октомври 1995 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Австралија во РМ е Ноел Доналд Кембел.

Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Австралија е Виктор Габер.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994
  • Ахил Tунте, Република Македонија – прва декада (19901999), Скопје, 2005