Коски на стапалата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коски на нозете
Скелет на стапалото, метатарзални коски (зелен дел)
Скелет на лево стапало, метатрзални коски (виолетов дел).
Податоци
Назнаки
Латинскиmetatarsus
ossa metatarsalia
MeSHA01.378.610.250.300.480
TAA02.5.09.001
FMAFMA:24492

Коските на нозете (латински: ossa metatarsalia) претставуваат пет долги коски кои го формираат докоренот на стапалото (латински: metatarsus).

Рспоред и поврзување[уреди | уреди извор]

  • Се бележат со редни броеви од медијалниот кон латералниот раб на стапалото;
  • со задните краеви се зглобуваат со тарзалните коски, а со предните се зглобуваат со горните фаланги од прстите.

Заеднички одлики[уреди | уреди извор]

Сите пет коски се состојат од:

  • тело, така што се стеснува и во долниот дел е конкавно, а во горниот дел е малку конвексно;
  • база или заден крај, од страна на соседната коска содржи груба дорзална и плантарна површина за прикачување на лигаментите;
  • глава или преден крај претставува конвексна зглобна површина и овозможува премин на некои тетиви.

Коски на прстите[уреди | уреди извор]

Во состав на коските на нозете се и коските на прстите од стапалото (латински: ossa digitorum pedis), кои се 14 долги коски или фаланги (латински: phalanges),распоредени во три дела (проксимален, среден и дистален) секој прст има по три фаланги, а палецот две фаланги.

Зглобови[уреди | уреди извор]

Зглобови на прстите од стапалото (латински: articulationes metatarsophalangeae) ги поврзуваат метатарзалните коски со горните фаланги од прстите и вршат движење на флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција на прстите;

Мускули[уреди | уреди извор]

Во стапалото се наоѓаат 20 мускули поделени на дорзални и плантарни:

  • плантарните се делат на три групи: медијална, средна и латерална и дејствуваат како активни врски на сводовите од стапалото.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]