Кенигслутер
Кенигслутер | |
Црквата „Св. Себастијан“ и градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хелмштет |
Градски единици | 18 |
Градоначалник | Александер Хопе (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 130,58 км2 |
Надм. височина | 134 м |
Население | 15.933 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 122 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HE |
Пошт. бр. | 38154 |
Повик. бр. | 05353 |
Портал | www.koenigslutter.de |
Местоположба на градот Кенигслутер во рамките на округот Хелмштет | |
Координати | 52°15′0″N 10°49′0″E / 52.25000° СГШ; 10.81667° ИГД |
Кенигслутер (службено наречен Кенигслутер на Елм; германски: Königslutter am Elm) — град со околу 16.000 жители во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во средишниот дел на Природниот парк Елм-Лапвалд и на североистоќната страна на пошумениот врв Елм. Блиски големи градови се Брауншвајг на околу 23 километри западно и Волфсбург на околу 20 километрисеверно; окружниот град Хелмштет се наоѓа на околу 15 километри источно од Кенигслутер. Низ Кенигслутер поминува познатиот пат на фахверкот.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Следниве градови и општини граничат со Кенигслутер (од север надесно):
- Волфсбург
- Грос Твилпштет
- Ренау
- Зиплингенбург
- Зиплинген
- Ребке
- Шепенштет
- Евесен
- Еркероде
- Кремлинген
- Лере.
Градски единици
[уреди | уреди извор]
|
|
|
Кон Кенигслутер на Елм припаѓа и населбата Лангелебен на Елм.
Припојувања
[уреди | уреди извор]До нивното припојување во 1924 година, селата Оберлутер и Штифт Лутер (Кајзердом) претставувале посебни општини.
Големо проширување градот доживеал при административната реформа во Долна Саксонија од 1 март 1974 година, кога се припоиле општините Бајенроде (од Гифхорн), Бојмшторф, Борнум на Елм, Гленторф, Грос Штајнум, Клајн Штајмке (од округот Гифхорн), Лауинген, Лелм, Оксендорф, Роде (обете од округот Гифхорн), Ризеберг, Ротенкамп, Роторф, Шепау, Шикелсхајм, Зунштет и Ури (од округот Гифхорн).[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Село наречено „Лутере“ (Lûtere) во Војводството Саксонија било првпат споменато во декрет од 1135 година, кога царот Лотар III основал бенедиктански манастир посветен на Светите Петар и Павле. Црквата претставува голема романескна базилика, каде се закопани тој и неговата сопруга Рихенза Нортхајмска, како и неговиот зет, велфскиот војвода Хајнрих Гордиот. Местото било именувано по блискиот карстен извор на потокот Лутер (од средногорногерманскиот јазик: lauter, „чист“).
Воден замок бил изграден околу 1200 година и во 1318 година била забележана околна населба како пазарен град. Околу 1400 година, војводите на Брауншвајг ѝ доделиле на населбата градски права. Од XIV век натаму, местото било наречено Конигеслутере (Konnigesluttere), во чест на царот Лотар III.
Сместен на трговскиот пат од Брауншвајг до Магдебург (денешниот автопат 1), производството на пиво и ископување на варовник биле главните индустрии во раното ново време, додека манастирот се развил како свето одредиште. До 1924 година, манастирот и блиската населба Оберлутер (Oberlutter) биле споени како град. Манастирската црква е позната по своите скулптури и гробот на царот.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Кенигслутер е збратимен со следниве градови:
- Гомерн, Германија (од 1990 г.)
- Таунтон, Обединето Кралство (од 1992 г.)
- Опаленица, Полска (од 1998 г.)
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Вернер Шрадер (1895–1944) — учител, офицер и учесник во отпорот против нацистите
- Самуел Ханеман (1755–1843) — лекар и пионер на хомеопатијата, кој живеел во Кенигслутер од 1796 до 1799
- Тило Мач (1900–1983) — уметник
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Hauptsatzung der Stadt[мртва врска] (PDF), abgerufen am 28. Oktober 2014.
- ↑ „Historisches Gemeindeverzeichnis für die Bundesrepublik Deutschland. Namens-, Grenz- und Schlüsselnummernänderungen bei Gemeinden, Kreisen und Regierungsbezirken vom 27. 5. 1970 bis 31. 12. 1982“. Статистичката служба на Долна Саксонија. 1983. Отсутно или празно
|url=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кенигслутер на Ризницата ?
- . Encyclopædia Britannica. 15 (11. изд.). 1911.
- Официјална страница Архивирано на 19 август 2005 г.
|
|