Кавашла
Кавашла Καβάσιλα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°35′N 22°20′E / 40.583° N; 22.333° EКоординати: 40°35′N 22°20′E / 40.583° N; 22.333° E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Антигониди |
Надм. вис. | 17 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 632 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кавашла или Кавасила (грчки: Καβάσιλα) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа речиси на половина пат од градот Бер за градот Гида, крај самиот главен пат, на надморска височина од 17 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак, на 14 километри југозападно од Гиза и на 12 километри североисточнод Бер.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото не е воопшто споменато од К’нчов и од Бранкоф, но најверојатно неговото население имало грчко потекло.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението главно се занимава со земјоделство, произведувајќи големи количества памук, пченица и други земјоделски производи.[2]
Голем дел од обработливите површини се добиени по извршните мелиорации во околината, а дел од нивите и се наводнуваат.
Население[уреди | уреди извор]
Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Кавасила (Kavassila), Берска епархија, живеат 84 Грци.[3]
Во пописот од 1913 година селото било забележано со 139, а во 1920 година со 164 жители. По 1923 година, тука биле сместени и 79 бегалци. Во 1928 година селото имало 190 жители, во 1940 година 354 (подоцна тука биле сместени и други бегалски семејства). Во 1951 година биле попишани 633, во 1961 година 739, во 1971 година 678, во 1981 година 868, а во 1991 година 792 жители. Релативниот пораст на населението се должи на извршените мелиорации по 1933 година, на исушувањето на Ениџевардарското Блато и на облагодарувањето на обработливите површини, кои се многу плодни и се наводнуваат.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 78 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 17 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 163 | 169 | 206 | 108 | 49 | 49 | 78 | 17 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавашла, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кавашла, во кој е единствено село.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.
- ↑ Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 38.
|