Прејди на содржината

Зенфтенберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зенфтенберг

Senftenberg/Zły Komorow

Грб на Зенфтенберг
Зенфтенберг во рамките на Германија
Зенфтенберг
Управа
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
ОкругГорен Шпревалд-Лужица
ГрадоначалникАндреас Фредрих (СДП)
Основни податоци
Површина126,94 км2
Надм. височина102 м
Население 23.405 (31 декември 2022)[1]
 - Густина184 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.OSL
Пошт. бр.01968
Повик. бр.03573
Порталwww.senftenberg.de
Местоположба на градот Зенфтенберг во рамките на округот Горен Шпревалд-Лужица
Карта
Карта
Координати51°31′N 14°01′E / 51.517°N 14.017°E / 51.517; 14.017

Зенфтенберг (германски: Senftenberg, Sorbian languages: Zły Komorow) — град во јужен Бранденбург, Германија, административно седиште на округот Горен Шпревалд-Лужица.

Географија

[уреди | уреди извор]

Зенфтенберг се наоѓа во југозападниот дел на историската област Долна Лужица на границата со Саксонија. Неговиот центар се наоѓа северно од реката Шварце Елстер и вештачкото Зенфтенбершко Езеро, дел од синџирот на лужички езера, околу 20 километри северозападно од Хојерсверда и 35 километри југозападно од Котбус.

На исток од градот се наоѓа големо железничко товарно депо.

Историја

[уреди | уреди извор]

Зенфтенберг бил првпат споменат во декрет од 1279 издаден од Хајнрих III, маркгроф на Мајсен. Со Долна Лужица, населбата била припоена кон Кралството Чешка во 1368. Изборниот кнез Фридрих II на Саксонија го припоил Зенфтенберг во 1448, кога областа како гранично упориште на династијата Ветин била одвоена од чешката Лужица, до 1635 кога сите лужички територии паднела под власта на Саксонија со мирот постигнат во Прага. Според Виенскиот конгрес во 1815 г., Долна Лужица била припоена од Прусија и администрирана во склоп на покраината Бранденбург.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Зенфтенберг е збратимен со:

Зенфтенбершкото Езеро е популарно одредиште за дневни излети и одмори. Во 1973, поранешниот отворен јагленокоп бил официјално отворен за јавноста. Денес, езерото е познато по исклучителниот квалитет на водата. Тоа е дел од т.н. Лужичка езерска област, група на 23 вештачки езера. Околу езерото постои велосипедска патека во должина од 18 километри, која е поврзана со голем број на регионални и национални велосипедски патеки.

Демографија

[уреди | уреди извор]

По втората половина на 19 век, бројот на жители се зголемил поради работниците кои дошле да работат во јагленокопите во Зенфтенберг. По повторното обединување на Германија, многу жители се иселиле во западниот дел на Германија.

Движење на бројот на жители во Зенфтенберг од 1300 до 2008[2][3]
ГодинаЖители ГодинаЖители ГодинаЖители ГодинаЖители ГодинаЖители ГодинаЖители
1300400 18581.517 193917.566 198931.580 199626.647 200329.474
1474600 18671.638 194617.783 199029.622 199727.109 200429.136
1555900 18752.847 195018.260 199128.840 199826.424 200528.774
1575918 18905.134 196424.053 199228.470 199925.576 200628.071
16801.150 191013.742 197124.367 199328.123 200024.740 200727.515
1806979 192517.472 198132.005 199427.637 200130.539 200827.417
1818819 193317.803 198532.278 199527.336 200229.957   

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
  2. Werner Forkert: Senftenberger Rückblicke Interessantes aus der Senftenberger Geschichte. Herausgeber Buchhandlung „Glück Auf“, 2006. (за податоците пред 1875)
  3. Statistik Brandenburg: Податоци од 1875 Архивирано на 18 јули 2011 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]