Градот Калау се наоѓа во средишниот дел на Долна Лужица, околу 27 километри западно од Котбус на источниот крај од природниот парк Долнолужички гребен, како и на јужниот крај од познатиот Шпревалд.
Во областа околу Калау се наоѓаат многу поранешни јагленокопи, кои сега се заштитени области за животните и растенијата. Многу места се препуштени на природата по нивното облагородување.
Денес, постојат само малкумина луѓе со лужички корени кои живеат во Калау, иако Лужичките Срби биле прилично големо малцинство во 1843 со околу 30,8% од целокупното население. Низ годините нивниот број се намалил значително, па во 1900 имало само 3,5% Лужички Срби.
Споменик на аголот на улиците Карл Маркс и Парк, во 1928 првично бил посветен на првиот царски претседател Фридрих Еберт, уништен од нацистите во 1933, потоа посветен на жртвите од националсоцијализмот во 1948, за во 1989 да биде посветен на жртвите од фашизмот и сталинизмот.
Споменик за глумецот Јоаким Готшалк. Кога неговата еврејска жена Мета и неговиот син Михаел требало да бидат депортирани, целото семејство решиле да изврши самоубиство на 6 ноември 1941.