Гургурница
Гургурница | |
Панорама од селото со поглед на езерото Козјак и реката Треска | |
Координати 41°50′44″N 21°06′10″E / 41.84556° СГШ; 21.10278° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Брвеница |
Област | Горен Полог |
Население | 1.556[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 1213 |
Повик. бр. | 044 |
Шифра на КО | 28020 |
Надм. вис. | 1.250 м |
Гургурница на општинската карта Атарот на Гургурница во рамките на општината | |
Гургурница на Ризницата |
Гургурница — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.
Сместено е во сливот на реката Треска. Географски, Седларево припаѓа на областа Порече, но историски се води како дел од Полог.
Потекло и значење на името
Името Гургурница означува „камен на камен“.
Географија и местоположба
Ова високо село се наоѓа во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Брвеница, помеѓу источната падина на планината Сува Гора и долината на реката Треска, а чиј атар се допира со териториите на општините Македонски Брод и Желино.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Тетово е оддалечено околу 35 километри.[3]
До селото се стигнува преку асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2233 кај селото Стенче.
Селото се наоѓа на многу незгодна местоположба, бидејќи е сместено на падина на тесна варовнична косина, под која настанува долината на Гургурничка Река. Во минатото, мештаните добивале вода за пиење од пет бунари во селото.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Осој, Лака, Крушевица, Кодра Наљт (Високо Брдо), Кафелница, Чардак, Падишта (од Подишта), Склепа, Честак, Корија, Велковица, Штрунга, Равша, Букурци, Ми Корија (Под Корија) и Лом.[4]
Селото има многу збиен тип и неговите куќи се групирани во две маала: Касамоско и Кацаноско. Имињата на маалата се по најстарите родови.[4]
Од работ на западната страна на висорамнината на атарот на селото се гледа Полошката Котлина, а од самото село на источната страна од висорамнината се гледа текот на реката Треска со езерото Козјак.
За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, забележал дека се наоѓа на 1 ¼ час од Седларево и како и тоа село сместено е во Сува Гора.[5]
Историја
Кон крајот на XIX век Гургурница е село в Тетовска каза на Османлиското Царство, во тоа време селото се викало Кркорница и имало 276 жители арнаути муслимани.
Според други извори од 1929 година Гургурница — село во Седларевската општина во Долнополошкиот срез и имало 73 куќи со 300 жители Македонци.
За време на балканските војни, селото било под различна окупаторска власт: бугарска, српска.
На почетокот од втората светска војна, 1941 година, селото било под италјанска окупација. Подоцна било поделено помеѓу бугарскиот и италијанскиот окупатор. Броело околу 100 куќи од кои осумдесетина биле под италијанска управа а триесетина под бугарска управа. Месното население било постојано тероризирано од страна на окупаторските власти.
Во атарот на селото делувал и Џемо Хаса со своите соработници Ариф Капетани, Сабри Саларева и Шехип Љаља. Многу селани доброволно се придружиле на одредите формирани од страна на Џемо.
Партизанските сили исто така делувале во атарот на селото, пред сè одредите од Поречкиот и Тетовскиот крај. После завршувањето на војната во овој крај се воделе интензивни борби заради разбивање на одредите на Џемо Хаса.
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гургурница живееле 276 жители, сите Албанци.[4]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Гургурница — село во Седларевска општина во Долнополошкиот срез и има 73 куќи со 300 жители, Македонци.[6]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.556 жители. Следува табела на националната структура на населението:[7]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 1 549 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 6 |
Националност | крај на XIX век | 1929 | 2002[8] |
Македонци | 300 | 1 | |
Албанци | 276 | 1.549 | |
останати | 6 | ||
Вкупно | 276 | 300 | 1.556 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[9]
Година | 1900 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 276[4] | 300[6] | 758 | 889 | 1.030 | 1.242 | 1.159 | 1.428 | 1.556 |
Родови
Гургуница е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Кацан (11 к.) доселени се од селото Рибница во Горна Река. Го знаат следното родословие: Ризван (жив на 85 г. во 1949 година) Ариф-Абаз-Мето, предокот кој се доселил; Касамовци (17 к.) и Реџалар (19 к.) исто така потекнуваат од селото Рибница во Горна Река. Овде живеат од почетокот на XIX век. Потекнуваат од ист предок, Таир. Таир имал двајца синови Реџо и Касам, по кои ги носат имињата овие два рода; Шенделар (16 к.), Лашкалар (7 к.), Омзалар (13 к.) и Бералар (13 к.) и они потекнуваат од Рибница во Горна Река; Ајкалар (9 к.) потекнуваат од Горна Река; Бибалар (4 к.) доселени се од селото Бибање во Горна Река.[10]
Иинституции и култура
- ОУ „Хасан Тахсини“ — селското училиште, подрачна единица на ЦОУ „Гоце Делчев“ од соседното Стенче;
- Змиска Пештера - пештера на источниот раб од селото;
- Црква — црква со некропола од доцен среден век;[11]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2036 и 2036/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.522 гласачи.[13]
Редовни настани
Последните неколку години, во мај, од кај Гургурничките бачила започнува планинарски марш кон месноста Живкови Рупи и врвот Луковец од каде има прекрасен поглед на поречието и поречките села. Од месноста Живкови Рупи маршот продолжува до блиските поречки села: Требовље, Здуње и др. Учесници на маршот се членови на планинарски спортски друштва од Општина Брвеница и Тетово. Збирно место на учесниците на маршот е малото Јурија во с. Брвеница од каде со моторни возила преку Радиовце и Стенче се пристигнува до Гургурница и Гургурничките бачила.
Поврзано
Наводи
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 август 2022.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 90. Посетено на 8 август 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Трифуноски, Јован (1951). Села на Сува Гора. Белград: САНУ. стр. 6–8. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 307. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ 6,0 6,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови Архивирано на 15 септември 2008 г., попис на населението од 2002 година. Гургурница има 1.556 жители
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1976). Села на Сухој Гори (српски). Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
- Сателитска снимка на Гургурница на Карти на Гугл
|