Географија на Данска
Местоположба
[уреди | уреди извор]Данска е држава која се наоѓа во Северна Европа во Скандинавскиот Полуостров.
Граници
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на земјата изнесува 43.094 км2, и според тоа се наоѓа на 131 место по големина во светот. Данска се наоѓа северно од Германија и Полска, југозападно од Шведска и јужно од Норвешка. Данска излегува на Балтичко Море и Северно Море.
Главниот град Копенхаген е најголемиот во државата со околу 1,145,804 жители.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2005, вкупното население во Данска е околу 5.415.978 жители. Густината на населеноста е 125/km2 жители на квадратен километар.
Клима
[уреди | уреди извор]Данска се состои од полуостровот Јиланд (Jylland) и 405 помали острови. Од нив, 323 се населени а најголеми се Селанд (Sjælland) и Фин (Fyn). Многу од островите се поврзани со мостови. Климата во Данска е умерена морска. Најважен фактор за климата во Данска игра Атлантскиот Океан.
Крајни точки
[уреди | уреди извор]- највисока точка (потесна Данска): Мелехеј — 170,86 м
- највисока точка (Фарски Острови): Слатаратиндур — 880 м