Вилдесхаузен
Вилдесхаузен
Wildeshausen | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Олденбург |
Градоначалник | Јенс Курашински (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 89,47 км2 |
Надм. височина | 19 м |
Население | 21.154 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 236 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OL |
Пошт. бр. | 27793 |
Повик. бр. | 0 44 31 |
Портал | www.wildeshausen.de |
Местоположба на градот Вилдесхаузен во рамките на округот Олденбург | |
![]() | |
Координати | 53°54′0″N 8°26′0″E / 53.90000°N 8.43333°E |
Вилдесхаузен (германски: Wildeshausen; долногермански: Wilshusen) — град и административно седиште на округот Олденбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел на Природниот парк „Вилдесхаузер Гест“, сместен на реката Хунте.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Вилдесхаузен се наоѓа во областа на Клопенбургер Гест. Се граничи на југозапад на округот Фехта, додека остатокот од градскот подрачје се граничи со различни општини во округот Олденбург.
Вилдесхаузен е окружен град на Олденбург и средиште на областа. Блиски поголеми градови се Олденбург на север (околу 30 км), Бремен на североисток (околу 30 км) и Оснабрик на југ (околу 70 км). Вилдесхаузен се наоѓа во метрополитенската област Северозапад.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот се граничи со следниве општини (од север надесно): општината Детлинген, општините Принцхефте, Винкелзет и Колнраде (сите во општинската заедница Харпштет), општината Голденштет, општината Фисбек, како и со општината Гросенкнетен.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Покрај градското јадро, кое е поделено на три дела (Штат I, II и III), како и од областа која го опкружува (Landgemeinde). Во тоа подрачје се вклучени помали села или имоти.(бројот на жители од 1 јануари 2017 година во заградите)[2]:
|
|
|
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1648 година, Вилдесхаузен и околниот округ биле предадени на Шведска, во рамки на Вестфалскиот мир, кога бил доделен како феуд на Густав Густавсон аф Васаборг, непризнаен син на кралот Густав Адолф. Во 1679 година, по договорот од Нимвеген, бил заложен на Минстер, за заем од 100.000 риксдалери.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[4]
Партија/Листа | Места |
---|---|
SPD | 9 |
CDW-фракција[5][6] | 6 |
CDU | 4 |
UWG | 6 |
GRÜNE | 2 |
FDP | 2 |
LINKE | 1 |
PIRATEN | 1 |
EWV Шулце Теминг-Ханхоф | 1 |
Во април 2018 година, четворица членови на CDU се одвоиле и основале фракција.[5] На почетокот на мај 2018 година, уште двајца други членови се одвоиле од CDU и се приклучиле на фракцијата.[6]
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник на градот Вилдесхаузен е Јенс Курашински.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Вилдесхаузен е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Вигалд Бонинг — комичар и глумец
- Џејкоб Макерхајде — политичар
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Зградата на окружната администрација
-
Црквата Александер
-
Ремтер: најстара зграда во градот, во позадина црквата Александер
-
Музеј за печатарство
-
Главниот плоштад
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Stadt Wildeshausen: Bauerschaften Abgerufen am 22. September 2020.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
- ↑ Sitzverteilung des Stadtrates nach der Kommunalwahl 2016.
- ↑ 5,0 5,1 „Wildeshausen: Christliche Demokraten für Wildeshausen gründen Fraktion“. kreiszeitung.de. Посетено на 2018-04-24.
- ↑ 6,0 6,1 „Wildeshausen: Stöver und Hennken gehen zur CDW – Wildeshausen“. kreiszeitung.de. Посетено на 2018-05-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Вилдесхаузен“ на Ризницата ? |
- Матична страница
(германски)
|
|