Од Википедија — слободната енциклопедија
Гандеркезе (германски : Ganderkesee ; долногермански : Gannerseer ) — општина во округот Олденбург , во сојузната покраина Долна Саксонија , Германија . Се наоѓа околу 16 километри југоисточно од градот Олденбург .
Гандеркезе се наоѓа околу 20 километри западно од центарот на Бремен , на северниот раб од Природниот парк „Вилдесхаузер Гест“. Најсеверниот дел на општината се наоѓа во долината на Везер , што е рамно мочуриште.
Општината Гандеркезе на исток се граничи со слободниот град Делменхорст , на север со општините Лемвердер и Берне во округот Везермарш , како и општината Худе , на запад со општината Хатен и на југ со општините Детлинген и Харпштет .
Кон општината Гандеркезе припаѓаат следниве места:
Алмсло
Бергедорф
Бокхолцберг
Бокхорн
Бирстел
Елмело
Фалкенбург
Гандеркезе
Грипенбирен
Хабриге
Хафекост
Хајде
Хенгстерхолц
Хоенбекен
Холцкамп
Хојерсвеге
Хојкенкамп
Имер
Нојенланде
Ретхорн
Ширброк
Шлутер
Шенемор
Штајнкимен
Штенум