Вешала

Координати: 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056° СГШ; 20.84667° ИГД / 42.06056; 20.84667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 09:13, 24 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Демографија: Форматна исправка, replaced: стр.2 → стр. 2 (3))
Вешала

ОУ „Беса“ - Вешала

Вешала во рамките на Македонија
Вешала
Местоположба на Вешала во Македонија
Вешала на карта

Карта

Координати 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056° СГШ; 20.84667° ИГД / 42.06056; 20.84667
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Тетово
Население 1222 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1200
Повик. бр. 044
Шифра на КО 28010
Надм. вис. 1256 м
Вешала на општинската карта

Атарот на Вешала во рамките на општината
Вешала на Ризницата

Вешала — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Вешала е типично планинско село кое се наоѓа на Шар Планина.

Име

Вешала на албански јазик е познато како Veshallë (нечленувано) или Veshalla (членувано).

Географија и местоположба

Вешала се наоѓа на надморска височина од 1.200 метри. Вешала лежи на Шар Планина, на околу 20 км северозападно од градот Тетово. Селото е оддалечено од македонско-косовската граница само 4 км. Атарот на селото Вешала граничи со атарот на Бозовце (на запад), со атарите на селата Лисец, Шипковица и Бродец (на исток), на југ граничи со Општина Боговиње, а на север со Косово.

Селото се наоѓа на горниот тек на реката Пена. Непосредно над селото се наоѓаат планински превои, од кои едниот е североисточно од Кобилица на 2.175 метри, а другиот е источно од Караниколица висок 2.060 метри. Селтото е од збиен тип.[2]

Историја

Вешала во 1903 година

Селото Вешала е постаро село од поглед на муслиманските доселувања. Предците на денешните албански муслимани, кои се населиле во селото пред околу 200 години, затекле староседелско македонско христијанско население. По почетокот на доселувањата на Албанците, Македонците почнале да се иселуваат. Словенските топоними во селото се задржале. Денес не е познато кои биле македонските семејства во селото, ниту каде се иселиле, бидејќи нема записи ниту во Вешала ниту во околните села кои би засведочиле. Не постојат остатоци од периодот од предалбанските доселувања.[2]

Според локалните верувања, селото првично се наоѓало на месноста Селиште, во близина на денешното село. Првата џамија во селото била изградена кон крајот на XIX век. Во 1930 година, старата џамија била срушена и на нејзино место била изградена нова.[2]

За време на Отоманското Царство, Вешала било дел од Тетовската каза. Од 1996 до 2004 година, селото било дел од Општина Шипковица.

Стопанство

Месното население воглавно се занимава во сточарство.

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вешала живееле 440 жители, сите Албанци.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Вешала — село во Селечка општина и има 132 куќи со 690 жители Албанци.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.222 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 1.207
Турци 0
Роми 0
Власи 1
Срби 1
Бошњаци 0
останати 13

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 440[3] 690[7] 865 972 898 1.299 1.405 1.045 1.222

Родови

Вешала е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Бакалар или Бака (12 к.), Скендере (11 к.) и Клајар (8 к.) потекнуваат од тројца браќа кои овде дошле од некое место во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 62 г. во 1948 година) Амза-Фазли-Јусуф-Зенула, кој се доселил и го основал родот; Љурес (19 к.) доселени се од Љура во северна Албанија; Реџалар (20 к.) и Кадриалар (18 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Кице (6 к.) доселени се од селото Кице во Љума, северна Албанија; Буке (6 к.) доселени се од селото Буке во Љума, северна Албанија; Џине или Османлар (31 к.) доселени се од некое село Дукаќин во Албанија; Лосталар (14 к.) доселени се од северна Албанија.[8]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постојат изборните места бр. 2086 и 2087 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1.183 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Шпат Касапи (р. 1 мај 1985) - македонски пејач
  • Џеват Адеми (р. 8 декември 1962) - македонски политичар, генерален секретар и портпарол на НДП. Бил висок член на ОНА

Иселеништво

Забележан е трендот на иселување на месното население, воглавно во странство.

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes аnthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. стр. 363.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 213.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 22.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
  8. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. И.Ц. (24 август 2007). „ПО ОТКОПУВАЊЕТО НА ГРОБНИЦА ВО ТЕТОВСКО -Гробовите во Вешала се' уште мистерија“. Дневник. Посетено на 2010-11-06.

Надворешни врски