Аеродром „Александар Велики“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром „Александар Велики“ Скопје
Аеродром Петровец
Аеродром Скопје
Skopje Alexander the Great Airport.jpg
Поглед на новата терминална зграда
IATA: SKPICAO: LWSK
SKP се наоѓа во Македонија
SKP
Местоположба на аеродромот во Македонија
Преглед
Тип Јавен/Воен
Сопственик/Стопанисувач ТАВ Аеродроми
Опслужува Скопје
Место Петровец, Македонија
Јазол за
Надм. вис. 238 m / 781 ft
Координати 41°57′40″ СГШ 21°37′37″ ИГД / 
Мреж. место skp.airports.com.mk
Писти
Насоченост Должина Површина
m ft
16/34 3,042 9,992 Асфалт
Статистики (2015)
Патници 1.452.465
Промена на патници 2014-15 20,2%
[1]
Местоположба на аеродромот

Аеродром „Александар Велики“ (IATA: SKPICAO: LWSK), исто така познат и како Аеродром Петровец (именуван по неговото најблиско село Петровец) и како Аеродром Скопје — најголемиот и најпрометниот меѓународен аеродром во Македонија. Другиот е Аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид.

На 27 декеври 2006 година, македонската влада ги промени името на аеродромот, од „Аеродром Скопје“, во „Аеродром Александар Велики“.[2][3] Ова преименување дополнително ги влоши грчко-македонски односи, бидејќи двете држави го сметаат Александар Македонски како свој.

Во последните години, аеродромот забележува одлични резултати, остварувајќи рекорден број на поминати патници низ него во 2015 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот аеродром бил изграден во 1928 година, на 3 км оддалеченост од центарот на градот (денешна населба Аеродром), по дваесет години од првиот историски лет на браќата Рајт. Тој аеродром имаше меѓународна класификација, а се користеше само за дневни домашни и чартер летови. Пред Втората светска војна, во периодот од 1935-1936 година, покрај Аеродромот Скопје во употреба беше и Аеродромот Битола.

Првиот патнички авион кој слета на Аеродромот Скопје беше „Потез 29“ од француско производство, додека пак првиот лет беше на релација Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград. Тој превезе 5 патници и 290 kg товар.

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале во 7 часот наутро. Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион “Каљдран”, прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.

Прв пилот бил М. Јерошенко. Eсента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Kако куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон. Во 1937 година во договор со авионското друштво „Аеропут“ и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот „Правда“ од Белград.

Првиот меѓународен лет се изврши во 1930 година на релација Виена-Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун.

Првиот авион кој пристигнал на аеродромот

По Втората светска војна, во 1946 година беше воспоставена линија на релација Белград-Скопје со 5-6 летови секој работен ден во неделата, со авион ДЦ-3 (23 седишта). Во 1951 година беше воспоставен лет на релација Белград-Скопје-Солун-Атина, а по три години Белград-Скопје-Истанбул.

Во 1963 година до катастрофалниот земјотрес и по проширувањето на градот потоа, аеродромот остана на истото место.

Аеромитинг на аеродромот

Во 1987 година се изгради новата терминална зграда на местото на стариот аеродром со забележително поголем капацитет. Во временскиот период 1993-95 година се заврши надворешната реконструкција и проширување.

Фактори кои имаа влијание на обемот на сообраќај на Аеродром Скопје во изминатите години:

  • периодот 1989-1991 во СФРЈ - голем број на домашни летови
  • периодот 1991-1992 осамостојување на РМ - само летови за странство, само чартер летови
  • периодот 1992-1995 санкции во СРЈ - зголемување на бројот на операциите и патниците, воспоставување на редовни линии кон некои дестинации
  • 1996 - реконструкција на пистата на Аеродром Скопје - затвореност на аеродромот 2.5 месеци и намалување на обемот на сообраќај
  • 1998 - делумни санкции на СРЈ - зголемување на бројот на трансферните патници
  • 1999 - (Косовска криза) делумно затворање на регионот (пренасочување на патниците од Аеродром Приштина) , зголемен број на хуманитарни и војни операции.
  • 2000 - нормализирање на состојбите во регионот, зголемен број на редовни линии, сѐ уште се пренасочуваат патниците од Приштина
  • 1999 и 2000 год - зголемен обем на сообраќај во однос на претходните години приближно за пола. Од септември 2000 почнува да се намалува пренасочувањето на патниците од Приштина, така што во 2001 година се враќа обемот на сообраќај на ниво пред 1999 година.
  • 2001 - нарушување на состојбите во земјата на работ на војна, и состојбите во вкупното воздухопловство во светот поради терористички активности, откажување на редовни линии и престанок на оперирање на неколку редовни авиопревозници, мал број на чартер линиии, обид за воведување на домашен сообраќај.
  • 2002 - состојбата се нормализира така што имаме минимално зголемување на бројот на патници во однос на претходната година, но се намалува бројот на воени летови што влијае на намалување на бројот на операции.
  • 2003 - Ирачката војна и САРС синдромот на почетокот на годината предизвикаа глобално намалување на обемот на сообраќај во светот. Кај нас, континуираното намалување на migrant чартерите (за Цирих и Германија), како и на воените летови продолжува, додека постои тренд на зголемување на редовните линии.
  • 2004 - Благо опоравување во однос на претходната година кога имаше намалување на сообраќајот, што претежно се должи на воведување на 4 нови странски редовни превозници.
  • 2005 - Зголемување на сообраќајот во однос на претходната година, Намалување кај туристичките чартери, особено по случувањата во Шарм ел Шеик кон крајот на јули.
  • 2006 - Воведување EDS DCS систем за компјутерско чекирање од 16 јануари, пораст на сообраќајот за 4% во однос на 2005 год. Во структурата на сообраќајот најголем удел имаат редовните линии на кои се превезле 94% од вкупниот број на патници.

Во структурата на сообраќајот, карактеристично е дека во периодот пред 10 години учеството на редовните линии во вкупниот број на операции бил 10% наспроти чартер линиите кои учествувале со дури 74%. Оттогаш наваму, редовните линии постојано се зголемуваат, а чартерите се намалуваат.

На оддалеченост од 50 км не постои друг аеродром, а на оддалеченост од околу 100 км е аеродромот во Приштина, а на оддалеченост од 200 км се аеродромите во Солун, Охрид, Ниш, Тирана, Подгорица и Софија.

Избор на концесионер за реновирање на аеродромот[уреди | уреди извор]

Како дел од прогресот кон членството на ЕУ, Република Македонија треба да изврши реформа на националниот сектор за воздухопловство. Една од клучните цели на оваа реформа е да се олесни можноста за учество на приватниот сектор во финансирањето, развојот, оперирањето и одржувањето на аеродромите во Република Македонија. Во овој контекст, Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски се обидува да ја подобри техничката и финансиска позиција на националниот аеродромски систем, кој се состои од аеродромот „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“– Охрид и изградба на новиот карго-аеродром во Штип. Проектот ќе вклучува: (I) управување, оперирањето и одржувањето на сите три аеродроми, (II) градежништво, набавка и изградба на нова терминална зграда и соодветната пропратна инфраструктура на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје, (III) реновирање на одредени капацитети на аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и (IV) изградба на нов карго-аеродром во Штип. Турската компанија „TAV“ е единствената која достави понуда на тендерот за издавање на аеродромите „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, и за изградба на карго-аеродром во Штип. Турската компанија „TAV“ е единствената која достави понуда на тендерот за издавање на аеродромите „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, и за изградба на карго-аеродром во Штип.

Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]

Авиопревозник Одредиште 
Adria Airways Љубљана
Air Berlin
управувана од Belair
Цирих
Air Serbia Белград
Alitalia
управувана од Alitalia CityLiner
Рим
Austrian Airlines Виена
Borajet Сезонски чартер: Анталија
Croatia Airlines Загреб
Czech Airlines Загреб (зaпoчнувa нa 30 oктoмври), Прага
Edelweiss Air Цирих
flydubai Дубаи
Germania Чартер: Диселдорф
Germania Flug Чартер: Цирих
Helvetic Airways Цирих
Pegasus Airlines Истанбул-Сабиха Гекчен
Сезонски чартер: Анталија
SunExpress Сезонски чартер: Анталија
Swiss International Air Lines Женева (завршува на 29 октомври)
Turkish Airlines Истанбул-Ататурк
Wizz Air Ајндховен, Барселона, Базел/Милуз, Бове-Тиле , Бергамо , Берлин-Шенефелд , Братислава, Брисел Југ-Шарлеруа, Гетеборг-Лендветер, Дортмунд, Келн/Бон, Копенхаген, Лондон-Лутон, Малме, Меминген, Нирнберг, Сандефјорд, Стокхолм-Скавста, Тревизо, Франкфурт-Хан , Фридрихшафен, Хамбург, Хановер (започнува на 1 ноември)

Статистика[уреди | уреди извор]

Година Патници Промена Карго (тони) Промена Движења на авиони Промена
1990 312,492 1,872 3,466
1991 397,660 27,3% 1,088 41,9% 7,158 106,5%
1992 390,025 1,9% 1,023 6,0% 7,079 1,1%
1993 577,425 48,0% 4,338 324,0% 10,681 50,9%
1994 603,447 4,5% 6,936 59,9% 10,803 1,1%
1995 583,053 3,4% 10,205 47,1% 11,692 8,2%
1996 422,598 27,5% 3,209 68,6% 8,618 26,3%
1997 440,988 4,4% 4,881 52,1% 8,995 4,4%
1998 511,784 16,1% 5,239 7,3% 10,321 14,7%
1999 840,985 64,3% 11,682 123,0% 23,912 131,7%
2000 1,005,852 19,6% 4,335 62,9% 24,234 1,3%
2001 499,789 50,3% 3,262 28,8% 16,673 31,2%
2002 520,497 4,1% 3,271 0,3% 13,725 17,7%
2003 500,012 3,9% 2,083 36,3% 12,428 9,4%
2004 497,105 0,6% 2,004 3,8% 10,940 12,0%
2005 525,965 5,8% 1,815 9,4% 12,101 10,6%
2006 547,198 4,0% 1,903 4,8% 12,637 4,4%
2007 626,144 14,4% 2,194 15,3% 13,085 3,5%
2008 658,367 5,1% 2,771 26,3% 10,666 18,5%
2009 602,298 8,5% 2,125 23,3% 9,871 7,5%
2010 716,000 18,9% - - - -
2011 759,918 6,1% - - - -
2012 828,831 9,1% - - - -
2013 984,407 18,8% - - - -
2014 1,208,359 22,7% - - - -
2015 1,452,465 20,2% - - - -
2016(01.01-31.08) 1,106,869 17,0% - - - -


Историја на несреќи[уреди | уреди извор]

  • На 24 јули 1992, Antonov 12BK на Volga Dnepr Airlines, се урна на планината Лисец при слетување на Аеродромот Скопје, откако екипажот излегол од курсот кога се обидувал да помине низ олуја бидејќи DME на Аеродромот во Скопје не работел. Сите 8 луѓе го изгубиле животот.[4]
  • На 5 март 1993, авион од типот Fokker F100 на Palair Macedonia кој летал до Цирих, се урнал неколку секунди после полетувањето од пистата 34. Истрагата за несреќата ја открила причината која лежела во екипажот. Имено тие не го одмразиле леталото пред заминувањето. Од 97 луѓе во авионот, 81 загинале.
  • На 12 јануари 2008, хеликоптер од типот Mil Mi-17 на Македонски воздушни сили, кој летал од Мостар до Скопје се срушил на рид близу до Катлановско Блато во густа магла и изгорел. Сите 11 луѓе го загубиле животот.[5]
  • На 13 февруари 2009 година, авион од типот Bombardier Dash 8 Q400 на Austrian Airlines кој летал од Скопје за Виена, не успеал да ги вовлече тркалата при полетување и направил итно слетување на аеродромот во Скопје.[6][7][8]
  • На 13 февруари 2009 година, авион од типот Bombardier Dash 8 Q400 на MALÉV, од Будимпешта за Скопје, направил итно слетување откако пилотот во 16:05 часот пријавил дека десниот мотор не работи ,додека снижувал за слетување во Скопје. Немало повредени патници.[8][9][10]
  • На 14 ноември 2011, приватна Socata TBM700N (TBM850), која летала од аеродромот во Мастрихт до Скопје, удрила неколку врвови на дрвја, сигналните цветла на аеродромот при слетување и го промањила продолжениот асфалтиран дел од пистата и се приземјила на трева. Сите 5 луѓе избегале неповредени.[11]
  • На 11 февруари 2012, Boeing 737-55S на Czech Airlines, од Прага до Скопје направил итно слетување во Скопје поради чад кој излегувал од авионот. Аеродромските противпожарни возила и амбуланти биле спремни. Сите патници избегале неповредени.[12]
  • На 6 септември 2016, приватен Piper PA-34-200T Seneca II се сруши близу Ветерско, Велес при слетување во Скопје. Сите 6 патници загинале.[13]


Транспорт до аеродром[уреди | уреди извор]

Такси превозот до Скопје(аеродромските такси возила и веќе резервираните такси возила се поефтини) не би требал да чини повеќе од 1,220 денари.

Има автобуска линија која го поврзува Скопје со аеродромот(со застанување кај Capitol Mall ,Железничката станица и Hotel Holiday Inn/City Centre).


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портал „Македонија
Airport symbol.svg Меѓународни аеродроми во Република Македонија Flag of Macedonia.svg
Охридски аеродром | Скопски Аеродром