Воздухопловен Винг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Воздухопловен Винг
Знакот на Воздухопловен Винг на АРМ
Знакот на Возухпловниот Винг
Воздухопловен Винг на АРМ
Статус Активен
Формирање 10 Јуни 1992
Команда Скопје
Флота
Напад Су-25, Ми-24
Тренинг Злин 242Л, Злин 142Л
Транспорт Ан-2, Ми-8, Ми-17, УХ-1Х

ИСТОРИЈА[уреди]

Военото воздухопловство на Република Македонија е конституирано со одлука на Претседателот на 10 април 1992. Со тоа е конституирана командата на ВВ И ПВО, Воздухопловната Бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски свадрон. Обуката на пилотите се изведуваше на лесни авиони Утва-75. На 28 јуни 1994 ВВ доби транспортни хеликоптери Ми-17.Оттогаш транспортната и борбената обука се изведува на тие хеликоптери. ВВ беше оспособено заизведување транспорт, ВИП, противпожарни, ПзМвежби, медицинска евакуација, барање и спасување и други мисии. За време на 2001год. Воздухопловната Бригата доби Ми-8 за транспортниот хеликоптерски сквадрон, Ми-24 за борбениот хеликоптерски сквадрон, УХ-1Х хеликоптери и Су-25 авиони. Во 2005, со програмата за реконструкција на АРМ, Воздухопловната бригада се трансформира во помала, покомпактна единица наречена ВИНГ (скратено: Воздухопловна Извидувачко Напаѓачка Група), која стартуваше со нови предизвици како што се програмот за модернизација на воздухопловите, земање на учество во меѓународни НАТО и ЕУФОР мисии за заштита на мирот (мисијата АЛТЕА во Босна од јули 2006 година).

МИСИЈА НА ВИНГОТ[уреди]

Покрај основната мисија ОДБРАНА НА ТАТКОВИНАТА, мисијата на ВИНГ-от е да врши мировни и хуманитарни операции, да учествува во склоп на регионалните сили за справување со регионални конфликти и кризи и да ги заштитува севкупните интереси на Република Македонија.

СУШТИНСКИ ЗАДАЧИ НА ЕДИНИЦАТА

Одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија согласно Уставот, Законот за одбрана и Националната концепција за безбедност и одбрана на Република Македонија;

Подршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста на РМ, а кои ги надминуваат нивните способности и капацитети

Подршка на органите на државната власт, единиците на локална самоуправа и други владини и невладини организации и институции, како и на граѓаните во справувањето со природните непогоди и епидемиии, техничко-технолошки и други несреќи.

Воена подршка како земја домаќин на меѓународни сили на територијата на РМ за извршување на задачи и обврски кои ги презела РМ вклучувајќи и заедничка одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на РМ.

Учество или асистенција во хуманитарни мисии предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи

Учество со декларирани сили во справување со регионални конфликти и кризи во операции во состав и/или предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи

Достигнување на целосна интероперативност и интероперабилност со НАТО алијансата, во сите области и на сите функции и задачи на одбраната и Армијата.

Учество во мисии во странство на ВИНГОТ[уреди]

Мировна мисија “АЛТЕА” во БиХ

Мисијата “АЛТЕА” започна од 14 јули 2006 година во Мостар, БиХ, како дел од ЕУФОР силите за мировни операции, со цел извршување на задачи за нејзините потреби. Задачи кои контингентот ги врши се: • медицинска евакуација (MEDEVAC), • транспорт на МТС и војници, • контрола на границите • патрола од воздух и др. Составена е од 2 хеликоптера Ми – 8/17, 3 посади на хеликоптер, персонал спремен за прв степен на одржување, останат неопходен нелетачки персонал потребен за извршување на летачките задачи, како и офицер за врска чие работно место се наоѓа во Сараево. По поминати 6 месеци во мисија, од 15.01.2007 година, ќе се изврши замена на постоечкиот персонал со нов.