ТАВ Аеродроми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
TAV Аеродроми
TAV Havalimanlari Holding A.Ş.
Oснована1997
СедиштеИстанбул, Tурција
Опслужувано
подрачје
DHMI
Клучни личности
  • Хамди Акин (претседател)
  • Сани Сенер (извршен директор)
ДејностАвиација
УслугиКонтрола на летање, Аеродромски менаџмент
СопственикParis Aéroport (38%)
Вработени18,768
Порталtavhavalimanlari.com.tr

TAВ Аеродроми Холдинг (Tepe Akfen Vie) беше создадено од резултат на заедничко вложување меѓу Тепе и Акфен Холдинг групи и Airport Consulting Vienna во 1997. ТАВ Аеродроми е водечкиот оператор на аеродроми во Турција според статистиките за патници на DHMI во 2010 кои вклучувал и трансферни патници.

Историја[уреди | уреди извор]

На 12 март, 2012, ТАВ го претставил планот за продажба на 38% од акционерскиот капитал на фирмата кон групата [[Aéroports de Paris] за вкупна цена од 874 милиони USD. Продажбата беше утврдена на 32% на последната понуда на компанијата. Двете компании овозможуваат опслужување на 180 милиони патници во вкупно 37 аеродроми.[1] Директорот Хамди Акин и извршниот директор Сани Сенер продолжија на нивните позиции.[2][3]

Во октомври 2015, ТАВ Аеродроми победи со понудената цена од 717 милиони евра за 20 годишен договор за изнајмување на Аеродромот Бодрум-Милас.[4] Во САД, ТАВ влезе со победување на понудата за Duty Free деловите од Аеродромот Џорџ Буш .[4]

Во јануари 2016, извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Сани Садер, најавил дека имаат намера да влезат во Иранскиот маркет .[5]

Активности[уреди | уреди извор]

Фирмата оперира со Аеродром Ататурк Истанбул(еден од најпрометните аеродроми), Аеродромот Есенбога Анкара, домашните и меѓународните терминали, Аеродромот Аднан Мендерес Измир меѓународен терминал и Аеродромот Газипаша Анталија во Турција, Аеродромот Тблиси и Аеродромот Батуми во Грузија, Аеродромот Монастир Хабиб Бургиба и Аеродромот Енфида-Хамамет во Тунис , Аеродромот Александар Велики Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во Македонија, .[6][7]

ТАВ се настојува и кон други делови од аеродромите како: Duty Free продавници, продавници за јадења и пијалоци, услуги на земја, информациски технологии, обезбедување и сервици. Аеродромите на ТАВ опслужуваат околу 420 илјади летови и 48 милиони патници просечно секоја година.

Во 2010, 55% од приходите на фирмата се не-авиациски. Генерирала 753 милиони евра консолидирани приходи [8] Акциите на компанијата се изложени на Истанбулската берза од 23 февруари 2007, под името ТАВХЛ .[9]

Управувани аеродроми[10][уреди | уреди извор]

 Хрватска
 Грузија
 Латвија
Македонија Македонија
 Саудиска Арабија
Тунис Тунис
 Турција

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Aeroports de Paris to Buy 38% of Turkey Airport Operator TAV“, 12 март 2012 (посет. 12 септември 2013 г).
  2. Sarıbaş, Şermin. „Türkiye’nin liman patronu“, 21 август 2005 (посет. 12 септември 2013 г). (на Turkish)
  3. Airport opeator TAV sets sail for overseas“, 13 јуни 2013 (посет. 12 септември 2013 г).
  4. 4,0 4,1 Paul Hogan (14 December 2015). „“We are a global company and there is scope for TAV’s enterprise everywhere”“. Airport-business.com. конс. 10 April 2016. 
  5. „Turkey's TAV airport CEO sees market potential in Iran“. Dailysabah.com. 28 January 2016. конс. 10 April 2016. 
  6. Turkey’s TAV qualifies to bid for LaGuardia airport tender“, 29 јули 2013 (посет. 12 септември 2013 г).
  7. Turkey's TAV wins the tender for Latvia's SJSC Riga Airport“, 3 март 2009 (посет. 12 септември 2013 г).
  8. according to 2010 financial tables prepared in compliance with the International Financial Reporting Standards (IFRS), Willing, Dominic. „Bidding hots up for TAV stake“, 3 февруари 2012 (посет. 12 септември 2013 г).
  9. Tav Havalimanlari Holding as (TAVHL:Istanbul)“ (посет. 12 септември 2013 г).[мртва врска]
  10. „Airport operations“. Tavhavalimanlari.com.tr. конс. 10 April 2016. 
  11. „Turkish Airlines, mejor aerolínea del año“. Mercado.com.ar (Spanish). 31 March 2016. конс. 10 April 2016. 
  12. „Istanbul Atatürk Airport ranks 11th among world’s busiest airports“. Hurriyetdailynews.com. 6 April 2016. конс. 10 April 2016.