Малев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Malév Hungarian Airlines
Magyar Légiközlekedési Vállalat
Malév Hungarian Airlines 737-800.jpg
IATA ICAO Ознака
MA MAH MALEV
Основан 1946
Јазли Аеродром Будимпешта
Програма за чести летачи Duna Club
Сојуз Oneworld
Летала 22
Одредишта 50
Седиште Будимпешта, Унгарија
Раководство Péter Leonov (Извршен Директор)
Мрежо место http://www.malev.hu
Malév head office

Малев (унгарски: Magyar Légiközlekedési Vállalat) беше национален авиопревозник на Унгарија и авиокомпанијата е базирана на аеродромот во Будимпешта. Леташе на 50 дестинации низ 34 земји ширум светот. Малев е член на алијансата Oneworld од април 2007 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Компанијата официјално е основана на 29 Март, 1946 година, кога Унгарско - Советска компанија за цивилно воздухопловство беше формирана. Флотата во тоа време броеше 2 авиона, Li-2 и Po-2. За време на комунистичкиот режим во Унгарија, флотата на Малев се состоеше главно од авиони од советско потекло, од типот Туполев, со кој сообраќаше на дестинации во Европа и Блискиот Исток. Некаде при крајот на комунистичкиот режим, Малев во својата флота додаде авион од типот Боинг 737-200. Моментално флотата на Малев брои вкупно 18 авиони од типот Боинг 737, еден авион од типот Боинг 767, како и неколку авиони од типот Фокер 70 и Бомбардиер CRJ 200. На 12 Јули, 2007 година, Лојд Пакстон беше назначен за извршен директор на авиокомпанијата. Пакстон беше во бордот на директори на British Airways цели 35 години. На 14 Септември, 2007 година, Лојд Пакстон даде отказ на работното место, при што, за негов заменик беше назначен Петер Леонов. Со работа престанува на 3. февруари 2012 година кога е прогласен банкрот.

Дестинации[уреди | уреди извор]

Погледни опширно, Дестинации на Малев.

Авиокомпанијата главно леташе на дестинации низ Европа, но исто така оперираше и на некои дестинации до Северна Америка и Азија. На 29 Октомври, 2007 година, Малев објави дека ги прекинува северно Американските дестинации за време на зимскиот период, со главна причина дека сообраќајот за време на зимскиот период е драстично намален, и со тоа придонесува загуба за авиокомпанијата.

Флота[уреди | уреди извор]

Малев Флота
Авион Вкупно Патници Дестинации Забелешки
Боинг 737-600 6 102 (19/83) Европа, Азија, Блискиот Исток
Боинг 737-700 7 119 (24/95) Европа, Азија, Блискиот Исток
Боинг 737-800 5
(Позајмен за време на зимска сезона 08/09)
164 (19/145)
180
Европа, Азија, Блискиот Исток и Африка еден авион позајмен на Livingston Energy Flight
Бомбардиер Q400 4 (од Септември 2008) 72 Европа