Меѓународна организација на франкофонијата
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Франкофонија (фр. L’OIF) службен назив „Меѓународна организација на франкофонијата“, е составена од голем број на држави, земји и региони на сите пет континенти во светот кои го користат францускиот јазик како национален, службен, работен и во меѓународните комуникации. Франкофонијата е француски израз, за првпат употребен во 1880 година, од страна на францускиот географ Onesim Reclus, брат на Elise Reclus, кој ја означил заедницата на луѓе и држави во светот кој го користат францускиот јазик. Франкофонијата ја сочинуваат 56 земји членки и 14 земји посматрачи со 950 милиони жители, и површина од 28 милиони километри квадратни.
Во секоја од овие земји францускиот јазик е или мајчин, или службен, или официјален со некој друг јазик, или употребуван во разни институции или барем во мал дел се користи. Модерната франкофонија датира од 1970 година. Нејзиното мото е еднаквост, комплементарност, солидарност (egalite, complementarite, solidarite). Во почетокот франкофонијата била мала заедница од земји во кој се зборувало францускиот јазик, додека денеска таа е меѓу трите најголеми организации во светот, чии што земји соработуваат на културно поле, науката, економијата, правдата и мирот.
Заедно со останатите организации како што е УНЕСКО, франкофонијата работи на развојот на лингвистиката и културата во ерата на глобализам. Исто така многу соработува со слични организаации, а особено со шпански (латинска унија), и со португалски (заедница на држави со португалски јазик), кои се многу значајни во светот.
Содржина |
Структура [уреди]
L’OIF има статус на посматрач во седницата на советот за безбедност.
Самити [уреди]
Самитите се одржуваат на секои 2 години, кога лидерите на земјите членки имаат можност да се сретнат и да ја развиваат стратегијата и целите на организацијата. Важно е да се напомене дека оригиналниот основач на франкофонијата бил Samuel de Champlain.
ПРЕТХОДНИ САМИТИ
- Париз,Франција (1986)
- Квебек,Канада (1987)
- Дакар,Сенегал (1989)
- Париз,Франција (1991)
- Маурициус (1993)
- Котоноу,Бенин (1995)
- Ханој,Виетнам (1997)
- Монктон,Канада (1999)
- Бејрут,Либан (2002)
- Уагадугу,Буркина Фасо (2004)
- Букурешт,Романија (2006)
- Квебек,Канада (2008) по повод 400 години од основањето на Квебек
Постојан совет [уреди]
Постојаниот совет на франкофонијата се состои од амбасадори на земјите членки, и како министерска конференција, негова главна задача е планирање за наредниот самит и надгледување на одлуката на самитот за имплементација врз база на ден зад денот.
Меѓународна агенција [уреди]
Меѓународната агенција е главен оператор на културните, техничките, научните, економските и правните програми и одлуки на самитот. Седиштето на агенцијата е во Париз, а има и три ограноци во Либравил(Габон),Ломе(Того)и Ханој(Виетнам).
Постојани земји членки [уреди]
Европа
- Франција со сите територии преку морето
- Албанија
- Белгија
- Андора
- Бугарија
- Грција
- Луксембург
- Македонија
- Молдавија
- Монако
- Романија
- Швајцарија
СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА
- Канада, Квебек (учествува влада), Њу Бронзвик (учествува влада), Онтарио (посматрач со можно членство)
- Доминиканска република
- Хаити
- Света Луција
АФРИКА
- Бенин
- Буркина Фасо
- Бурунди
- Египет
- Зеленоротски острови
- Камерун
- Ценрталафриканска република
- Чад
- Мароко
- Комори
- Р. Конго
- ДР.КОНГО
- Брегот на слоновата коска
- Џибути
- Екваторијална Гвинеја
- Гвинеја
- Гвинеја Бисао
- Мадагаскар
- Мали
- Мауританија
- Маурициус
- Нигер
- Руанда
- Сао Томе и Принсипе
- Сенегал
- Сејшели
- Того
- Тунис
АЗИЈА
- Камбоџа
- Лаос
- Виетнам
- Либан
ОКЕАНИЈА
- Вануату
Асоцијативни членки
- Кипар-Европа
- Гана-Африка
Посматрачи
- Австрија
- Хрватска
- Чешка
- Грузија
- Унгарија
- Летонија
- Литванија
- Мозамбик
- Полска
- Србија
- Словачка
- Словенија
- Тајланд
- Украина