Бугарски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е за современиот словенски јазик. За туркискиот јазик видете прабугарски јазик.
Бугарски јазик
български език
ИзговорБ'лгарски език
Застапен воБугарија, Турција, Србија, Украина, Молдавија, Романија,
ПодрачјеЈугоисточна Европа
Говорници7.6 милиони  (2005–2012)[1][2][3][4]
Јазично семејство
Писмокирилица (бугарска азбука)
Статус
Службен во Бугарија
Признаен како малцински во Европска Унија
 Унгарија
 Србија
Јазични кодови
ISO 639-1bg
ISO 639-2bul
ISO 639-3bul
Linguasphere53-AAA-hb < 53-AAA-h

Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е службениот јазик во Република Бугарија.

Особености[уреди | уреди извор]

Број падежи во употреба во Европските јазици. Сивoто е дека нема падежи во јазикот.

Бугарскиот јазик покажува неколку јазични иновации кои го одделуваат од другите словенски јазици - елиминација на падежни форми, појава на постпозитивен член, зачувување и понатамошно развивање на прасловенскиот глаголски систем и др. Овие особености ги дели со македонскиот јазик.

Бугарскиот јазик е дел од балканскиот јазичен сојуз, кој го вклучува македонскиот, грчкиот, романскиот и албанскиот јазик, и некои источни српски дијалекти.[се бара извор] Повеќето од овие јазици ги споделуваат одликите споменати погоре (постпозитивен член, губење на падежот, сложениот глаголски систем) и многу други.

Историја[уреди | уреди извор]

Бугарскиот јазик има пет главни периоди:

  • дописмен (прасловенски) - меѓу словенската инвазија (6 - 7 век) на Балканот и мисијата на светците Кирил и Методиј во Велика Моравија во втората половина на 9 век.
  • ран или старословенски период, (9 - 11 век). Во бугарската лингвистика старословенскиот е познат уште и како старобугарски. Во македонската лингвистика, наспроти предлозите на неколку еминентни јазичари, терминот старомакедонски не е усвоен, туку се употребува меѓународно прифатеното име старословенски јазик.
За почеток на старословенскиот јазик се смета создавањето на првата словенска азбука (глаголица) во 862/863 година од Константин-Кирил Философ (св. Кирил) и првиот превод на Библијата на јазикот на словенските племиња од околината на Солун.
Бугарскиот јазик на Балканскиот Полуостров во 1924 со зелена боја, карта издадена во Германија. Бугарскиот јазик заедно со македонскиот и српскиот јазик на картата се прикажани во нијанси на зелена боја.
Во овој период старословенскиот јазик на Првото Бугарско Царство претрпел големи промени - елиминација на прасловенските падежни форми (но зачувување на глаголскиот систем) и појава на постпозитивен член (развитокот во другите словенски јазици бил обратен). Така бугарскиот јазик почнал да се издвојува од старословенската основа и развил неколку значајни рецензии како Преславската рецензија.
  • доцен период (16 - 18 век). Во бугарската лингвистика припаѓа на новобугарскиот јазичен период.
Во овој период Бугарите, како и другите јужнословенски народи, биле под отоманско владеење и старословенскиот јазик се задржал само како јазик за црковна употреба.
Марин Дринов, кодификатор на бугарскиот јазик
  • новобугарски - кон крајот на 18 век, но најголемите промени настанале во средината на 19 век. За значаен датум се смета 1863 година кога за првпат Библијата е во целост отпечатена на новиот бугарски јазик, заснован на североисточните говори од околината на Велико Трново. Новобугарскиот јазик позајмил голем дел зборови од рускиот и црковнословенскиот, а многу од турските зборови били отстранети.

Историскиот развој на бугарскиот јазик може да се опише како премин од високо синтетички јазик (старословенскиот) кон типично аналитички јазик (новобугарскиот), со средна точка во овој процес претставена преку среднобугарскиот.

Азбука[уреди | уреди извор]

Азбуката на Бугарскиот литературен норм

Во 886 година Бугарија ја примила глаголицата, којашто била создадена од византиските мисионери[5][6][7][8][9][10][11][12][13] Свети Кирил и Методиј нешто по 860 година. Во идните векови глаголицата постепено била заменета со кирилицата, која била создадена во Преславската книжевна школа во почетокот на 10 век. За нејзин создавач се смета Климент Охридски.

Повеќето од буквите во кирилската азбука се земени од грчката; оние гласови што немале грчки еквиваленти, се претставени со опростени глаголски букви. Под влијание на печатените книги од Русија, руското граѓанско писмо на Петар I го заменило старословенското (среднобугарско) писмо на крајот од XVIII век. Неколку кирилски азбуки со од 28 до 44 букви биле користени во почетокот и до средината на 19 век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878 - 1879. Во 1945 беше пак кодифицирана азбука и сегашната бугарска азбука има 30 букви:

А а Б б
В в
Г г
Д д
Е е
Ж ж
З з
И и
Й й [Ј]
К к
Л л
М м
Н н
О о
П п
Р р
С с
Т т
У у
Ф ф
Х х
Ц ц
Ч ч
Ш ш
Щ щ [Шт]
Ъ ъ [ə]
ь[Ј]<
Ю ю [Ју]
Я я [Ја]

Примери[уреди | уреди извор]

Бугарски јазик
Писмо кирилица
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Всички хора се раждат свободни и равни по достойнство и права. Те са надарени с разум и съвест и следва да се отнасят помежду си в дух на братство.
Македонски Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.
Портал: Јазици
  • Здравей/Здрасти/Привет! — Здраво!
  • Добро утро! — Добро утро!
  • Добър ден! — Добар ден!
  • Добър вечер! — Добра вечер!
  • Лека нощ! — Добра ноќ!
  • Довиждане! — Довидување!
  • Чао! (неофицијално) — Чао!, Пријатно!
  • Как се казваш? (неофицијално) — Како се викаш?
  • На колко години си? (неофицијално) — Колку години имаш?
  • Как си? (неофицијално) — Како си?
  • Как сте? (официјално, и уште како множинска форма) — Како сте?
  • Какво правиш? (неофицијално) — Што правиш? Како си?
  • Какво правите? (официјално, или множинска форма) — Што правите? Како сте?
  • Добре съм — Добар/добра сум
  • Всичко най-добро!/Всичко най-хубаво! — Сѐ најдобро!
  • Поздравления!/Поздрави! — Поздрав!
  • Честит рожден ден! — Среќен роденден!
  • Весела Коледа! — Среќен Божик!
  • Благодаря (официјално и неофицијално) — Благодарам
  • Мерси (неофицијално, од француски) — Фала
  • Моля — Молам
  • Извинете! (официјално) — Извинете!
  • Извинявай!/Извини! (неофицијално) — Извини!
  • Съжалявам! — Жал ми е!
  • Колко е часът? — Колку е часот?
  • Говорите ли ...? — Дали зборувате ...?
...английски — англиски
...български — бугарски
...македонски — македонски
...сръбски — српски
...гръцки — грчки
...френски — француски
...немски — германски
...италиански — италијански
...испански — шпански
  • Да — Да
  • Не — Не
  • Може би — Можеби
  • Бира/Пиво — пиво
  • Ще се видим скоро — Ќе се видиме наскоро
  • Ще се видим утре — Ќе се видиме утре
  • Ще ти се обадя - Ќе ти се јавам
Лични местоимения/Лични заменки
число(брой)/број лице/лице подлог/подмет пряко допълнение/
директен предмет
непряко допълнение/
индиректен предмет
без предлог/
без предлози
с предлог/
со предлози
пълна (дълга)/
долга
кратка/
кратка
пълна (дълга)/
долга
кратка/
кратка

присвојна

единствено число/
еднина
I аз/(диал.: я, яз) јас мене мене ме ме (мене) мене ми ми на мене мене
II ти ти тебе тебе те те (тебе) тебе ти ти на тебе тебе
III м.р. той/(он) тој него него го го (нему) нему му му на него него
ж.р. тя/(она) таа нея неа я ја (неи) нејзе ѝ ѝ на нея неа
с.р. то/(оно) тоа него него го го (нему) нему му му на него него
множествено число/
множина
I ние ние нас нас ни нè (нам) нам ни ни на нас нас
II вие вие вас вас ви ве (вам) вам ви ви на вас вас
III те/(они) тие тях нив ги ги (тям) ним им им на тях нив

Деклинация на някои глаголи: / Деклинацијата на некои глаголи изгледа вака:

а-раздел
гледам / гледа
и-раздел
нося / носи
е-раздел
ям / јаде
Аз / Јас гледам / гледам нося / носам ям / јадам
Ти / Ти гледаш / гледаш носиш / носиш ядеш / јадеш
Той, тя, то / Тој, таа, тоа гледа / гледа носи / носи яде / јаде
Ние / Ние гледаме / гледаме носим(е) / носиме ядем(е) / јадеме
Вие / Вие гледате / гледате носите / носите ядете / јадете
Те / Тие гледат / гледаат носят / носат ядат / јадат

Примери за употребата на сегашното време: / Примери за некои од употребите на сегашното време:

Аз ям хляб / Јас јадам леб.
Докато той яде, ти чисти стаята. / Додека тој јаде, ти чисти ја собата.
Автобусът за Скопие тръгва в 5 часа./ Автобусот за Скопје тргнува во 5 часот.
Ако нагрееш водата, тя ври (кипи). / Ако ја грееш водата, таа врие.
Аз гледам всеки ден сериен филм. / Секој ден јас гледам сериски филм.

Степенуване на прилагателни: / Степенување на придавки:

  1. Моята книга е интересна / Мојата книга е интересна.
  2. Моята книга е по-интересна от твоята / Мојата книга е поинтересна од твојата.
  3. Моята книга е най-интересна / Мојата книга е најинтересна.

Числителни: / Броеви:

симбол број
(м.р.)
број
(ж.р.)
број
(с.р.)
0 нула / нула нула / нула нула / нула
1 един / еден една / една едно / едно
2 два / два две / две две / две
3 три / три три / три три / три
4 четири / четири четири / четири четири / четири
5 пет / пет пет / пет пет / пет
6 шест / шест шест / шест шест / шест
7 седем / седум седем / седум седем / седум
8 осем / осум осем / осум осем / осум
9 девет / девет девет / девет девет / девет
10 десет / десет десет / десет десет / десет

симбол реден број
(м.р.)
реден број
(ж.р.)
реден број
(с.р.)
0. нулев / нулти нулева / нулта нулево / нулто
1 първи(пръв) / прв първа / прва първо / прво
2 втори / втор втора / втора второ / второ
3 трети / трет трета / трета трето / трето
4 четвърти / четврти четвърта / четврта четвърто / четврто
5 пети / петти пета / петта пето / петто
6 шести / шести шеста / шеста шесто / шесто
7 седми / седми седма / седма седмо / седмо
8 осми / осми осма / осма осмо / осмо
9 девети / деветти девета / деветта девето / деветто
10 десети / десетти десета / десетта десето / десетто

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bulgarian language“. The Columbia Encyclopedia, 6th ed. Columbia University Press.
  2. Rehm, Georg; Uszkoreit, Hans. „The Bulgarian Language in the European Information Society“. Springer Science+Business Media.
  3. Strazny, Philipp (2005). Encyclopedia of Linguistics: M-Z (1. изд.). Fitzroy Dearborn. стр. 958. ISBN 1579583911. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2023-07-04.
  4. Britannica Concise Encyclopedia. Encyclopaedia Britannica. 2008.
  5. Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. 2001-05, s.v. "Cyril and Methodius, Saints"
  6. Encyclopedia Britannica, Encyclopedia Britannica Incorporated, Warren E. Preece - 1972, p.846, s.v., "Cyril and Methodius, Saints"
  7. Encyclopedia Britannica, 2008, O.Ed., s.v., "Eastern Orthodoxy, Missions ancient and modern"
  8. Encyclopedia of World Cultures, David H. Levinson, 1991, p.239, s.v., "Social Science"
  9. Eric M. Meyers, The Oxford Encyclopedia of Archaeology in the Near East, p.151, 1997
  10. Lunt, Slavic Review, June, 1964, p. 216
  11. Roman Jakobson, Crucial problems of Cyrillo-Methodian Studies
  12. Leonid Ivan Strakhovsky, A Handbook of Slavic Studies, p.98
  13. V.Bogdanovich , History of the ancient Serbian literature, Belgrade, 1980, p.119

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • [1] Архивирано на 29 септември 2007 г. - Историја на преводот на Библијата на бугарски јазик
  • [2] Архивирано на 30 јануари 2012 г. - За преславската редакција на црковнословенскиот јазик
  • [3] - Старословенски скрипти