Филип II Македонски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 89.205.57.77 (разговор), вратено на последната верзија на TBloemink
Ред 50: Ред 50:
== Рани години ==
== Рани години ==


Филип бил роден во [[Пела]] во [[382 п.н.е.]], како најмлад син на кралот [[Аминта III]] и кралицата [[Евридика I Македонска|Евридика]]. Во младоста (во периодот од [[368 п.н.е.]] - [[365 п.н.е.]]) бил заложник во [[Теба]], водечки град во [[Грција]] во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на [[Епамонид]], тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа [[Александар II]] и [[Пердика III]] му овозможиле да го запоседне македонскиот трон во [[359 п.н.е.]]. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук [[Аминта IV]], но подоцна ја презема целата власт во
Филип бил роден во [[Пела]] во [[382 п.н.е.]], како најмлад син на кралот [[Аминта III]] и кралицата [[Евридика I Македонска|Евридика]]. Во младоста (во периодот од [[368 п.н.е.]] - [[365 п.н.е.]]) бил заложник во [[Теба]], водечки град во [[Грција]] во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на [[Епамонид]], тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа [[Александар II]] и [[Пердика III]] му овозможиле да го запоседне македонскиот трон во [[359 п.н.е.]]. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук [[Аминта IV]], но подоцна ја презема целата власт во своите раце.


== Реформи и походи ==
== Реформи и походи ==

Преработка од 22:24, 31 јануари 2012

Филип II Македонски
Крал на Македонија
Биста на Филип II Македонски.
На престол359 п.н.е.336 п.н.е.
ПретходникПердика III
НаследникАлександар Македонски
Почивалиште
Жени
ДецаКинана
Филип III
Александар Македонски
Клеопатра
Тесалоника
Птоломеј I Сотер
ДинастијаАргеадска династија
ТаткоАминта III
МајкаЕвридика II

Филип II Македонски (382 п.н.е. - октомври 336 п.н.е.) кралувал со Кралството Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

Монета со ликот на Филип II Македонски
Македонската фаланга во формација ,,синтагма" од 256 војника по одред

Рани години

Филип бил роден во Пела во 382 п.н.е., како најмлад син на кралот Аминта III и кралицата Евридика. Во младоста (во периодот од 368 п.н.е. - 365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да го запоседне македонскиот трон во 359 п.н.е.. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, но подоцна ја презема целата власт во своите раце.

Реформи и походи

Наскоро по доаѓањето на власт Филип извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонеле Кралството Македонија да стане регионална сила.

Најпрво, во 358 п.н.е. го скршил отпорот на локалните маледонски племиња и ја проширил својата власт на север до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја зазел aтинската колонија Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак). Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета и таа почнала да се употребува во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженил со eпирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип го освојува градот Кренид, кој го преименува во Филипи. Тој истотака ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. ја освоил атинската колонија Метон, при што во битка ќе го изгуби едното око.

Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од страна на Атињаните во Термопили, во 352 п.н.е. Истата година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продрe јужно, туку ќе ги освојува источните региони доаѓајќи до реката Хебрус (словенско име: Марица).

Во 349 п.н.е. Филип ја започнува опсадата над халкидскиот град Олинт, првобитен негов сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз со Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја, а неговите жители Филип ги продава како робови. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранско Море. Во 342 п.н.е. Филип презел успешен поход и против Скитите на север.

Во 340 п.н.е. Филип ја започнува опсадата на Перинт, а потоа во 339 п.н.е. и на Визант, но и двете опсади завршуваат неуспешно.

Мапа на територијата на Филип II од Македон


Битката кај Херонеја и Коринтската лига

Неуспешните опсади на Перинт и Визант го загрозуваат влијанието на Филип во Грција. Сепак, набрзо Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани во битката кај Херонеја во 338 п.н.е.

Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта, биле приморани да го потпишат Општиот Мир диктиран од Филип II и ја формираат Коринската лига. Условите на мирот биле: да не војуваат меѓусебно, склучување на сојузи, менување на политичкото уредување, стапување на служба во туѓи држави, објавување на војна на секој кој ќе го прекрши Мирот. Иако со овој договор им давал автономија на полисите и не ги ставал директно под македонска власт тие биле зависни од Македонската држава со бројните ограничувања и немањето на надворешна политика. Филип бил избран за водач (хегемон) т.е. за политички и воен водач. Со Општиот Мир и обезбедената заднина од можни востанија во Грција тој започнал големи воени подготовки за походот што планирал да го презеде против најголемата тогашна империја Персија.

Сепак, Филип не успева да го поведе походот против Персија. Во 336 п.н.е. бил убиен во Ајга за време на свадбата помеѓу Александар I Епирски и Клеопатра, ќерка на Филип од неговиот брак со Олимпија. Убиец бил Павзаниј од Орестида, еден од неговите седум телохранители.

Бракови

Видете исто така

Надворешни врски

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA