Џиро ди Ломбардија 2011
Светска турнеја на UCI 2011, трка 26 од 26 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 15 октомври | ||
Растојание | 241 км | ||
Време | 6ч 20' 02" (23.643 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Оливер Цауг (Швајцарија) | (Леопард Трек) | |
Втор | Даниел Мартин (Ирска) | (Гармин-Сервело) | |
Трет | Хоаким Родригес (Шпанија) | (Катјуша) | |
Џиро ди Ломбардија 2011 — 105. издание на еднодневната велосипедска трка Џиро ди Ломбардија, често наречена како Трка на паѓачките лисја. Била одржана на 15 октомври 2011 година на растојание од 241 километар, започнувајќи во Милано и завршувајќи во Леко по првпат.[1] Претставувала 26. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.[1]
Возачот на Леопард Трек Оливер Цауг ја освоил трката, напаѓајќи на последното искачување Салита ди Ело и се одржал до крајот, освојувајќи ја трката по првпат во неговата професионална кариера.[2] Преостанатите места на подиумот биле одредени — осум секунди зад Цауг — во спринт помеѓу петорица, кога возачот на Гармин-Сервело Даниел Мартин го победил Хоаким Родригес од Катјуша за второто место. Двократниот победник и бранителот на титулата и предводник во Светската турнеја Филип Жилбер завршил на осмото место, 16 секунди зад Цауг.[3]
Екипи
[уреди | уреди извор]Бидејќи трката е дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Биле доделени седум специјални покани — Аква & Сапоне, Андрони Џокатоли, Колнаго-ЦСФ Инокс, Фарнезе Вини-Нери Сотоли, ФДЖ, Геокс-ТМЦ и Тим Јуропкар — со што се создала група од 25 екипи.[4]
Резултати
[уреди | уреди извор]Велосипедист | Екипа | Време | Бодови за Светската турнеја | |
---|---|---|---|---|
1 | Оливер Цауг (ШВА) | Леопард Трек | 6ч 20' 02" | 100 |
2 | Даниел Мартин (ИРС) | Гармин-Сервело | + 8" | 80 |
3 | Хоаким Родригес (ШПА) | Катјуша | + 8" | 70 |
4 | Иван Басо (ИТА) | Ликвигас-Канондејл | + 8" | 60 |
5 | Пшемислав Њемјец (ПОЛ) | Лампре-ИСД | + 8" | 50 |
6 | Доменико Поцовиво (ИТА) | Колнаго-ЦСФ Инокс | + 8" | – |
7 | Џовани Висконти (ИТА) | Фарнезе Вини-Нери Сотоли | + 16" | – |
8 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | + 16" | 20 |
9 | Карлос Бетанкур (КОЛ) | Аква & Сапоне | + 16" | – |
10 | Рикардо Кјарини (ИТА) | Андрони Џокатоли | + 16" | – |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Рајан, Бери (12 октомври 2011). „Gilbert the man to beat as chapter closes for Tour of Lombardy“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2011-10-17. Посетено на 15 октомври 2011.
- ↑ „Цауг победи во Ломбардија“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 15 октомври 2011. Посетено на 15 октомври 2011.
- ↑ „Il Lombardia 2011: Ordine d'arrivo / Ordre d'arrivee / Order of arrival“ (PDF). Џиро ди Ломбардија. RCS MediaGroup. 15 октомври 2011. Посетено на 15 октомври 2011.
- ↑ „Објавени екипите за Џиро ди Ломбардија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 август 2011. Посетено на 15 октомври 2011.