Пикардскиот е официјално признат како „регионален јазик“ во Валонија, Белгија, заедно со валонскиот, лоренскиот и шампањскиот. Овој пример не бил проследен од Франција и јазикот не е признат како регионален во Франција (таква е политиката на Франција кога се однесува за малцинските јазици). Сепак може да се пронајдат извештаи во Франција каде се дава посебен статус на пикардскиот, различен од францускиот.
Пикардскиот не се учи во француските училишта и се зборува само во секојдневниот, приватен живот. Јазикот бил предмет на проучувања во универзитетите во Лил и Амјен. Поради слободното движење на народот, различните пикардски дијалекти стануваат се послични и меѓусебно поразбирливи. Во секојдневниот говор, кај јазикот се појавува тенденција да ги губи своите специфичности и да се претопува во францускиот.
Денес пикардскиот е воглавно устен јазик. Сепак, ова не било секогаш така. Пикардскиот јазик имал писмена форма и во средновековито се произвела солидна литература на пикардски јазик. Сепак јазикот не се воздигнал како меѓурегионален јазик, што на францускиот му успеало, и останал регионален.
↑Julie Auger, Indiana University, “Issues of authenticity, purity, and autonomy in minority languages: What is “real” Picard, and who is an “authentic” speaker?”, Congress Minority and Diasporic Languages of Europe , 14-17 Feb. 2003 , Berkeley, USA, in Pawel Nowak & Corey Yoquelet (eds.), Berkeley Linguistics Society (BLS 29).
- во Франција : ~ 500 000 [fr][1] - во Белгија :~ 150 000 до ~ 200 000.