Црква (градба)
Црквата претставува градба/објект со намена за обавување на христијански верски обреди. Црквата се состои од три дела:
Во внатрешноста на црквата се наоѓаат икони и фрески на кои се насликани светци.
Потребата од црквите произлегла од редовните средби на христијаните, на почетокот во приватни куќи а подоцна како што се зголемувала заедницата, се јавила потреба за поголем простор наменет за богослужба. Голем замав градењето на цркви земало за време на царот Константин I.
I век
[уреди | уреди извор]Првите христијани биле жители на Палестина и нивните богослужби се одвивале во приватните куќи и синагогите. После првата еврејска војна почнало да се престанува со богослужење во синагогите.
II. и III век
[уреди | уреди извор]Во сирискиот град Дура-Европос на западниот брег на Еуфрат на римската граница, при опсадата на градот од страна на Партите во 257. година уништен е градот, но била сочувана црква и синагога кои биле украсени со фрески. И двата објекта биле пренаменети од приватни куќи во верски објекти.
Златен век
[уреди | уреди извор]Со миланскиот едикт и поддршката која ја давал царот Константин I дошло до голем градителски замав на градење на цркви. Црковната архитектура од тоа време била пример како треба да изгледа една црква во следните векови. Тука спаѓаат базиликата Св. Петар и базиликата Св. Павле.
Источен тип
[уреди | уреди извор]Источниот тип на црковна архитектура се заснова на впишан крст со купола во средината. Својот почеток го има во изградбата на храмот Аја Софија во Цариград. Овој тип на црковна архитектура има влијание сè до денешен ден во источните цркви.
Среден век
[уреди | уреди извор]Во Западна Европа во средниот век се формирале два архитектонски стила на цркви. Романскиот стил, со прост полукружен лак, изгледот на црквата е едноставен а зидните површини не се посебно украсени. Вториот стил е готскиот стил, каде се употребува прекршен лак како основен елемент во градбата, карактеристичен за катедралите, изгледот на црквите е прекрасен. За готскиот стил се карактеристични насликаните ѕидови и големите стаклени површини исполнети со витражи.
Нов век
[уреди | уреди извор]После готскиот стил, се открива вредноста на мирните и урамнотежени ренесансни форми. Во баркното време се појавуваат најкреативни решенија како во просторното обликување така и во декорацијата на ѕидовите.
XIX и XX век
[уреди | уреди извор]Во овој период црквата тежи да го задржи своето влијание покрај другото и со изградба на големи објекти, при што се користат модерни конструкции за градба и методи како што се армиранобетонски конструкции, електроакустика и климатизација.
Православни цркви
[уреди | уреди извор]Православната архитектура има литургично значење. За сите православни храмови, заедничка е идејата дека „храм е место на кое со учество во светата литургија влегуваме во заедница со царството Божје“. Православните храмови обично се составени од три дела: припрат или предворие (нартекс), среден дел на храмот - брод (наос) и олтар. Сите три дела често се украсени со фрески и икони, а многу од нив се со извонредна уметничка вредност.
Олтар
[уреди | уреди извор]Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. На источната страна од храмот се наоѓа олтарот (кај католичките цркви олтарот е на западната страна). Се смета дека олтарот е најсветиот дел на црквата. Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крстење, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, одела за служба ...
Делови на црква
[уреди | уреди извор]-
План на катедрала со трансепт
-
надолжна градба
-
трансепт попречна градба
Црквите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Црквата во Новоград“ - расказ на рускиот писател Исак Бабел.[1]
- „Катедрала“ - расказ од истоимената збирка на американскиот писател Рејмонд Карвер од 1983 година.[2]
- „Црква“ — песна од истоимената збирка на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[3]
- „Напуштена црква“ (шпански: Iglesia abandonada) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[4]
- „Пред црквата“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[5]
- „Олтар“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[6]
- „Во катедралата“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[7]
- „Катедрала“ (француски: La Cathédrale) - роман на францускиот писател Жорис-Карл Уисманс од 1898 година.
- „Овде Црква“ - песна на македонската група ПМГ Колектив од 2012 година.[8]
- Црква (англиски: The Church) — австралиска рок-група, основана во 1980 година.[9]
- „Црквичката Грејстоун“ (англиски: Greystone Chapel) - песна на американскиот кантри-музичар Г. Ширли (G. Shirley).[10]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Church from the Catholic Encyclopedia (англиски)
- Churches Encyclopedia Архивирано на 10 јануари 2010 г. (англиски)
- United Status Church Directory (All Denominations) Архивирано на 16 декември 2012 г. (англиски)
- Archeologist discover first Church (англиски)
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Јован Богослов“ (Канео) во Охрид
-
Црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид
-
Црквата „Мал св. Климент“ во Охрид (1378)
-
Црквата „Св. Димитрија“ во Охрид (1378-79)
-
Црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид
-
Црквата „Св. Богородица Болничка“ во Охрид (14 век)
-
Црквата „Успение на Богородица-Каменско“ во Охрид (1832)
-
Соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје
-
Црквата Св. Спас во Скопје
-
Црквата „Св. Димитриј“ во Скопје
-
Црквата „Св. Спас“ во Матка, Скопје
-
Црквата „Св. Спас“ во Горно Нерези, Скопје
-
Црквата „Св. Троица“ во Радовиш
-
Црквата „Св. Богородица“ во Битола
-
Црквата „Св. Лидија Македонска“ во Свети Николе
-
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник
-
Црквата „Св. Варвара“ во Сливово, Дебрца
-
Црквата „Св. Никола“ во Мраморец
-
Црква Рождество на Пресвета Богородица во Сараево, Босна и Херцеговина
-
Црквата св. Мартин во Касел, Германија
-
Евагелистичката црква св. Елизабета во Марбург, германија
-
Евагелистичката црква св. Елизабета во Марбург, Германија
-
Болничката црква (Hospitalkirche) во Вецлар, Германија
-
Францисканската црква (Franziskanerkirche) во Вецлар, Германија
-
Катедралата во Вецлар, Германија
-
Катедралата во Франкфурт на Мајна (Frankfurter Dom), Германија
-
Готската црква св. Петар и Павле во Гетинген, Германија
-
Црквата св. Јован во Гетинген, Германија
-
Црквата св. Албан во Гетинген, Германија
-
Црквата св. Албан во Гетинген, Германија
-
Католичката црква св. Михаил во Гетинген, Германија
-
Црквата Св. Јаков во Гетинген, Германија
-
Црквата св. Василиј во Москва, Русија
-
Катедралата Преображение Господово во Санкт Петербург, Русија
-
Катедралата св. Софија во Новгород, Русија
-
Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Комо, Италија
-
Катедралата Сан Алесандро во Бергамо, Италија
-
Катедралата Санта Марија Асунта во Бреша, Италија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 5-7.
- ↑ Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ. Скопје: Темплум, 2011, стр. 227-249.
- ↑ Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 5-8.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 118-119.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 70.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 143.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 79.
- ↑ www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
- ↑ Discogs, The Church (пристапено на 11.11.2022)
- ↑ Discogs, Johnny Cash – At Folsom Prison (пристапено на 21.2.2020)
|