Катедрала Санта Марија Асунта (Бреша)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катедралата Санта Марија Асунта во Бреша

Новата катедрала или поточно летната катедрала Санта Марија Асунта претставува главната црква во Бреша, и воедно мајка црква на истоимената епархија. Катедралата е прогласена и за италијански национален споменик. Таа е сместена на плоштадот Пјаца Паоло VI, уште попознат и како плоштад Пјаца дел Дуомо. На овој плоштад се наоѓаат две соседни катедрали една до друга, односно новата катедрала е веднаш до старата катедрала. Местото за богослужба било оформирано помеѓу 1604 и 1825 година на истиот простор каде што некогаш постоела ранохристијанската базилика Сан Пјетро де Дом, која потекнувала некаде уште од 5 или 6 век. Оваа катедрала исто така е и седиште на парохија која пак е дел од пасторалната област на централна Бреша.

Историја[уреди | уреди извор]

Новата катедрала[уреди | уреди извор]

Куполата на катедралата

Историјата на катедралата започнала во 1603 година,[1] кога свештеното лицае Агостино Аванзо ја презел старата ранохристијанска базилика Сан Пјетро де Дом. Тој добил задача на истата локација да изгради сосема нова верска зграда. Старата базилика, во тој период се наоѓала во многу лоша состојба и требало да биде заменета со нова катедрала, која ќе биде посоодветна со сосема нови архитектонски побарувања. Сето ова било диктирано и од контрареформацијата од тој период, но и во согласност со архитектурата во тоа време. Агостино Аванзо го претставил првиот проект на катедралата, целосен спој помеѓу маниризмот и класицизмот. Генералниот план бил во вид на латински крст, со вкупно три кораби и еден трансепт. Самиот план содржел и испакнати странични олтари со голема централна купола[2] на врвот. Последните планови, особено, се наметнале уште од првичните идеи на проектот. Идејата ја придружувала изградбата замислувана низ вековите како еден вид голем заеднички стремеж, посакуван и сонуван од сите архитекти кои работеле и ќе работат на грандиозниот проект. Архитектот Џовани Батиста Лантана, штотуку излезен од академијата за архитекти и свеж со нови идеи здобиени од студиите, за разлика од Аванзо кој бил мајстор со постари традиционални проекти, претставувил многу сличен проект, но помодерен и збогатен со поголема посветеност на структурата. Но, и двете идеи биле отфрлени од пратениците на градежната комисија за урбанистички работи, кои биле избрани од страна на општината, но со поддршка и од владиката. Забелешките биле пред сè поради фактот што во проектите не биле доволно вградени директивите на Трентскиот собор, особено поврзани со насоките од областа на верската архитектура. Поради тоа архитектот Лантана морал да изготви и презентира нов проект, овојпат план во форма на грчки крст кој бил впишан во квадрат. На новиот проект постоела голема централна купола опкружена со четири помали куполи и особено испакната апсида. Овој проект во многу наликувал на оној што го претставил Браманте за базиликата Свети Петар, но без надворешниот кораб. Разликата била во тоа што постоеле измени во делот на задната апсида. Проектот конечно бил прифатен од страна на комисијата. Подоцна се појавуваат дополнителни дебати околу сомнежите и за самата локациска положба која требало да ја заземе катедралата. Дилемите биле дали катедралата треба да се изгради на истото место на базиликата Сан Пјетро де Дом и со тоа да се урне постоечката или можеби да се постави на јужната страна на плоштадот и со тоа да се создаде монументална поставеност со целосен барокен изглед. Меѓутоа, на јужната страна од плоштадот се наоѓала палатата, голема вила со градина, Палацо Негробони подигната во 19 век, резиденцијата на едно аристократско семејство од градот Бреша.[1] Семејството Негробони, во замена на земјиштето на кое се наоѓала нивната вила побарало друга парцела во соседниот парк. Со такво изменување на поставеноста на градбите базиликата Сан Пјетро ди Дом ќе останала на својата позиција. Оваа базилика сепак требала да претрпи радикални реконструкции. Поради тоа било избрано најевтиното решение, а тоа било конечно да се урне античката базилика и на нејзино место да се изгради новата катедрала.

Спорот околу планот[уреди | уреди извор]

Во тој период се појавиле и други дискусии околу проектот на архитектот Лантана. Тој бил премногу сличен по конформацијата на старата катедрала[2] која се наоѓала веднаш до неа. Предложениот грчки крст бил практично премногу модерен и неразбирлив од страна на изведувачите, но и од населението. Неразбирањето било поради некомпатибилноста на проектот со прописите на контрареформистичкиот стил од тоа време. Сепак, требало да се забележи дека овој последен проблем не бил толку одлучувачки. Планот со грчкиот крст бил реализиран во склад до совршената рамка на религиозната архитектура. Практично сите најважни ренесансни уметници од тој период (од Леонардо да Винчи преку Браманте, па сѐ до Антонио да Сангало Помладиот, бил извонредно вкоренет во идеологијата на таа тема, бил толку многу усогласен што ниту Контрареформацијата не била во можност целосно да ѝ се спротивстави на планираната идеја. Во таа смисла, црквите Сан Алесандро во Зебедија во градот Милано и Санта Марија ди Карињано во градот Џенова веќе биле изградени токму во форма на грчки крст, што ги правеле градби од не толку нов стил. Лантана, според неговиот проект веројатно ја редизајнирал и црквата во Карињано. Каменорезците кои работеле на градилиштето на катедралата биле познатите каменоресци од групата на Орсолини, од градот Џенова.[2] На крајот сепак Лантана предложил и трет проект, кој се покажал како дефинитивен и конечен. Во конечниот проект бил додаден мал тоскански додаток за да се надополни големиот коринтски стил. Во планот била вметната и дополнителна купола во пределот на апсидата. Новата купола била поддржана од некои надворешни потпори прошарани со неколку делови во вид на ниши. За новиот проект пратениците ги нарачале украсните статуи изработени од Џовани Антонио Кара, претставник на славното семејство на скулптори од градот Бреша.

Камен-темелникот бил поставен во 1604 година. На плоштадот пред градилиштето веднаш биле поставени привремените сместувалишта на каменорезите. Просторот бил преобразуван во вистинско училиште за изработка на скулптури и архитектонски изведби. Во тој период градот Бреша имал голем недостаток на архитекти и изведувачи. Контроверзите и понатаму не стивнувале поради прашањето за планот поврзан со грчкиот крст. Многумина од засегнатите би сакале грчкиот крст сепак да биде трансформиран во латински крст. На чело на групата противници на крстот бил Пјер Марија Багнадор. Идејата била повеќе за да го попречи својот ривал Лантана отколку од вистински архитектонски причини. Тој дал предлог со алтернативни решенија, кој практично бил копија на дефинитивната замисла на архитектот Лантана. Постоела една разлика со единствен додаток кој бил во форма на залив кон западната страна со кој додаток грчкиот крст би го претворил во вистински латински крст. На крајот „битката“ ја добил Багнадор,[2] кој ја преземал улогата на градежен управител, додека Лантана останал да управува со градилиштето од економскиот аспект на локацијата. Ривалството меѓу двајцата архитекти било непремостливо. Несогласувањата се појавувале насекаде и за речиси секој детал. Поради тие причини градилиштето многу често било во застој или блокирано на подолги периоди. Сепак за време на градбата проектот претрпел одредени измени и тоа две сервисни структури биле поставени на страните на апсидата, од кои едната се користела како ректорат. Затоа, апсидата била вградена меѓу нив и повеќе не била испакната, така што на покривната купола повеќе ќе немало потреба од никакви потпори. Дури и надворешните ниши, кои биле украсени со статуите изработени од страна на Карас, биле намалени според бројноста на само две од првично планираните пет. На скулпторите биле поставени само статуите на светците Фаустино и Џовита. Згора на тоа, дури ни Багнадор, кој влегол на градилиштето како претставник на „бранителети“ на идејата за вметнување на латинскиот крст кој всушност немало да биде создаде: понатамошната модификација на проектот, кој тој самиот го направил, го прави планот на катедралата да биде повторно со грчки крст, со што додадениот распон кој бил додаден за кратко време време бил отстранет целосно. Бројот на нишите се намалил на само две и тоа биле поставени помеѓу столбовите на контрафасадата, оние кои не биле поврзани помеѓу себе. Постојаниот контраст со Багнадор го натерало Лантана да го напушти градилиштето за одредено време. Сламката која ѝ го прекршила грбот на камилата како народно се велело, било пристигнувањето на Томасо Лорандо, ученикот на архитектот Лантана. Тој во доста му помагал на Лантана околу управувањето со сметковододствените работи. Со тоа можеби се доведувале во прашање способностите на Лантана на полето на таа проблематика. Така се генерирало неговото конечното и дефинитивно одбивање да го следи правецот на активностите на градилиштето.[2]

Фасадата на новата катедрала

Градилиштето и понатаму трпело чести и долги апстинирања. Со враќањето на грчкиот вкрстен распоред од страна на Багнадур архитектот бил во немилост кај бискупот од Бреша Џорџи, кој упеал да го отстрани од градилиштето во 1611 година и на негово место да го повика Лоренцо Бинаго од Милано, кој ја изградил црквата Сан Алесандро во Зебедија. Тој бил еден од оние кој бил инспирирација на почетниот проект на архитектот Лантана. По влегување во втората фаза од изградбата на катедралата архитектот Антонио Комино бил поставен веднаш рамо до рамо со Бинаго, уште еден голем експонент на Брешанската архитектура и скулптура од тоа време и тој бил креатор на проектот за реконструкција на црквата Свети Фаустино и Џовита. Архитектот Комино бил поставен за управител на делот за изградба, додека Бинаго останувал да биде проектант и главен надзорник. Се појавила значителна количина на финални цртежи, придружени со дополнителни прибелешки и објаснувања. Фасадата која била дизајнирана од страна на Бинаго била во најголем дел барокна, опкружена со две камбанарии, како што биле најчесто изведбите на верските објекти во тоа време.Тоа последно решение за изгледот на катедралата, сепак било повторно премногу во модернистички стил за населението и вработените во администрацијата. Дотолку било работата претерана што во градот Бреша никогаш дотогаш не била видена црква со две кули во пределот на фасадата. Згора на сето тоа, ако биле изградени и кулите на плоштадот ќе биле вкупно четири, двете од катедралата, Торе дел Пополо дел Бролето и камбанариите на старата катедрала. Сепак старата катедрала денес повеќе не постои бидејќи била урната во 1708 година. Идејата, теоретски, ќе послужела за таканаречено „барокирање“ на целокупниот плоштад.[2] За среќа времето за сето тоа не било созреано и затоа кулите никогаш не биле изградени.

Епидемијата на чума од XVII век[уреди | уреди извор]

Епидемијата на чума која во 1630 година ја зафатила Северна Италија и последователната економска, но и демографска криза доста го отежналого градењето на катедралата. Речиси околу четириесет години имало прекинување на градежните работи. Изградбата продолжила со наизменични подеми и падови во втората половина на XVII век. Вистинско рестартирање на активностите имало дури на крајот на векот. Посебно вреди да се одбележи дека работите продолжиле поради тоа што имало големи донации за Црквата од имотите на огромниот број починати поради чумата. Имотите на починатите поминале во сопственост на црквата. Така епархијата на Бреша економски доста се зајакнала за да има повторно отварање на градежните работи иако кризата пред сѐ економска, доста беснеела во другите епархии.[2] Откако градилиштето на катедралата повторно се активирало, тоа повторно било населено од многу мајстори и скулптори. И главните носители на работите биле променети. Така започнала третата фаза од изградбата на објектот. Во 1698 година, Лука Серена, син на сликарот Никола Серена, создал проект со кој требало да се доврши катедралата. Џузепе Антонио Тори, уметник со национална слава од тоа време, во 1711 година го презентирал проектот за изглед на трупот кој требало да ја покрие апсидата. Тој дел сепак никогаш не бил изграден. Неколку години подоцна, Антонио Биазио, бил поставен за нов директор. Во 1719 година Антонио ја дизајнирал новата фасада. Новата изведба требало да ја замени онаа на Бинаго. Новата изведба била крунисана со полукружен фронтон, исклучително модерен за тоа време. Идејата останала сѐ до 1748 година, кога една друга модификација, повторно изработена од страна на Биазио, го изменила педиментот во форма на спуштен лак. Со тој зафат уште еднаш се направил обид да се почитуваат обичаите од тоа време. Во периодот на тие години бил процутот на епископијата со помош на кардиналот Анџело Марија Кверини, кој и дал силен поттик на работата врз катедралата.[1]

Во тие години бил побаран совет од многу славни уметници од тоа време, вклучувајќи ги и Андреа Поцо, Џорџо Масари и Филипо Јувара. Филипо Јувара кој во тоа време пристигнал во државата бил и архитект на познатата градба наречена Куќата на Савој.[3]

„Катедралата ќе биде младоженец, а нашата нова црква ќе биде невеста, целата убава и украсена“

—(Филипо Јувара) Бил во посета на градилиштето на катедралата во 1729 година и се посветил на Црквата Санта Марија Асунта (Бреша).

Завршна фаза од работите[уреди | уреди извор]

Од лево: средновековната зграда Бролето, потоа новата катедрала, a зад неа романската стара катедрала. Од десната страна, во далечината, може да се види и зградата на министерството за земјоделство на Бреша (палата Негробон).

Во 1758 година Биазио умрел, а Џовани Батиста Маркети го презел управувањето со градилиштето. Тој бил придружуван од неговиот син Антонио. Фасадата која во тоа време била завршена само во долната половина, врз неа биле извршени дополнителни модификации, но овојпат според неокласичниот стил, со дополнителен триаголен фронтон. Овој изглед би требало да биде и последен и дефинитивен. Дури и обвивката на куполата претрпела одредени промени со кои била малку подигната, како што било пракса во тие години на градење. Градилиштето, сепак, не било завршено во блиска иднина. На завршницата се чекало нешто помалку од еден век, за конечно да се види големата изградена купола, дизајнирана од страна на Лујџи Кањола, а изградена од Родолфо Вантини.[2] Конечната изградба на куполата се случила во1825 година. Од самиот почеток на градежните работи, како што било претходно напоменато, куполата претставувала движечки елемент на целиот проект на катедралата. Различните елементи на декоративниот елемент биле во штуко стил и извајани делови од мермер. Декоративните елементи биле дело на Џовани Батиста Карбони. Сепак на крајот на XVIII век, куполата сè уште била некомплетна, поради одредени доработки кои требало да се направат на структурата од нејзината внатрешната страна. Куполата во 1825 година ги имала следните димензии: дијаметар од 21 метар од внатрешна страна и 26 метри од надворешна страна.[4] Вкупната висина изнесувала 64,20 метри од внатрешна страна и 72,60 метри од надворешна страна заедно со надворешниот врв на кој завршува со фенер. При мерењето била направена извесна грешка, па сепак димензијата од надворешна страна со корекцијата изнесувала околу 80 метри. Оваа купола, во тоа време, била трета по големина во цела Италија.[4]

Фасадата, која била подложена на многу модификации, на крајот не била целосно завршена, бидејќи била изоставена балустрадната круна која требало да биде поставена по линијата на која ја следи стреата на покривот.

Катедралата претрпела значителна штета за време на воздушното бомбардирање на градот кое се случило за време на војната на 13 јули 1944 година. Оловната обвивка на куполата била запалена заедно со тимпанот. Рамките и стаклата од прозорците на тапанот, фенерот и апсидата биле сериозно оштетени. Оштетувањата и гребаниците на задните ѕидови на објектот се должеле на бомбардирањата што ги извршиле Австријците во 10 дневното пукање во 1849 година од правец на замокот. Објектот на катедралата бил обновен по војната. Денес катедралата го вратила првобитниот изглед, иако дел од гребнатините на ѕидовите на апсидата сè уште се присутни.

Опис[уреди | уреди извор]

Дуомо Векио, дело во дрворез изработен од Барберис од крајот на 19 век

Новата катедрала, не била резултат на старата градба која постоела со векови, туку била резултат на една изведба која претставува севкупна хомогена и кохерентна структура, според самата архитектурата, но и поради додадените украси. Единствениот елемент со кој се открива долготрајното градење кое траело околу 230 години, бил суптилниот спој кој може да се воочи пред сѐ на фасадата. Тоа бил спојот помеѓу барокниот и неокласичниот стил. Неокласичниот стил бил резултат на еден вид таканаречен разреден класичен барок. Или може да се рече дека изградбата на катедралата започнала во барок стил, а била завршена во неокласична изведба.

Надворешен изглед[уреди | уреди извор]

Апсидата со скулптури од светите Фаустино и Џовита

Фасадата од страната на Пјаца Паоло VI претставува најкарактеристичниот елемент на градбата. Овој дел е изработен од материјалот мермер Ботичино. Таа е симетрична и создадена од два реда. Долниот ред е поширок поради тоа што ги содржи двата странични влеза. Горниот пак кој е потесен, главно е украсен со природни елементи. Тој е многу повисок од таванот на катедралата. Архитектонски редослед бил во коринтски стил ги следел сите основи на атиката. На централната оска на симетрија на катедралата, во правец на околната улица, се наоѓа големата влезна порта (врата) со заоблен дел наречен фронтон, во кој е сместена бистата на кардиналот Анџело Марија Кверини создадена од уметникот Антонио Калегари[1] во 1750 година. На горното ниво над вратата постои висок прозорец, надграден со триаголен фронтон.

Триаголна форма, како што е споменато, има и главниот фронтон на фасадата, каде што се истакнува грбот на градот Бреша (за потсетување, меѓу другото, треба да се напомене дека катедралите биле во сопственост на Општината - градот Бреша), крунисан со статуите на Успение на Богородица и Свети Петар, потоа на Паоло, Џакомо и Џовани дела изработени од страна на уметниците Џовани Батиста Карбони, Стефано Ситерио и Пјер Џузепе Посенти. Делот на грбот заедно со статуите биле создадени во 1792 година. Статуите пак на светите Фаустино и Џовита се поставени во делот на нишите на апсидата, а статуата на Свети Јован Крстител е поставена во делот на споредната врата која има излез кон улицата Виа Кверини и кон Бролето. Оваа статуа е изработена од страна на Антонио и Карло Кара.

Внатрешен изглед[уреди | уреди извор]

Внатрешноста.

Величествената и свечена внатрешност е изработена според на планот на грчки крст, со еднокорабна изведба која го опкружува големиот централен дел на катедралата, кој на врвот завршува со огромната купола. Поради длабоката апсида која ја следи главната оска на симетрија, целисходно било да се одржи грчкиот вкрстен распоред. Воедно требало да се внимава да не дојде во судир и спротивставување на директивите од периодот на Контрареформацијата. Огромниот коринтски редослед на фасадата бил пресликан и во внатрешноста, последователно украсувајќи ги сите ѕидови и потпори кои ја поддржуваат куполата. Другиот дел на катедралата се потпира на висок барабан осветлен со големи правоаголни прозорци, а целата структура е потпрена на четири столба потпомогнати со осум високи слободни столбови, исто така изработени во коринтски стил. Сите овие елементи биле свртени кон централната просторија. Од подот до врвот каде се наоѓа фенерот достигнува висина цели 80 метри.[5] Во времето на изградбата, катедралата била една од највисоките во Италија.[6] Мермерните бисти на евангелистите кои биле четири на број се прикачени на исто така четири делови наречени шпандели и тоа: Сан Џовани и Сан Лука кои биле дело на Санто Калегари Помладиот, потоа Сан Марко и Сан Матео изработени од страна на Карбони. Бројните таканаречени под-сводови, вклучувајќи ги и оние од делот на куполата, се украсени со каси на кои има мермерни розети. Конкретно некои од нив се копии направени за време на повоените реставрации во катедралата. Во целата внатрешна средина доминира импрегнирана бело-сина светлина, која доаѓа од штуко елементите, но и од белите мермерни плочи со кои се покриваат сите делови од површината. Може да се забележат многубројните мермерните елементи и фактот дека сите тие не се со штуко елементи, туку всушност, розетите на потсводите и евангелистите на шпанделите на куполата се исклучиво од мермер. Од мермер биле изработени и сите архитектонски елементи на останатиот дел од храмот, т.е. столбовите, пиластрите, фризот, дограмата и украсите во лунетите над страничните олтари.[1]

Внатрешни елементи[уреди | уреди извор]

Фрески[уреди | уреди извор]

Главен олтар со олтар на Успението дело на Џакомо Зоболи
Задниот олтар на левата патека со олтарот на Јакопо Палма ил Џоване и статуи на Санта Катерина од Александрија и Санта Сесилија

Во катедралата има вкупно осум странични капели, каде што може да се најдат бројни уметнички дела, со потекло од новата, но и од старата катедрала:

  1. првиот олтар од десната страна, е посветен на светиот крст. Таму е сместено Распетието на новата катедрала, дело од 1502 година изработено од страна на Франческо Џолфино;
  2. капелата на Светата Тајна, се наоѓа втора по ред од десната страна, и претставува позадинска капела на хоризонталната поставеност на грчкиот крст. Капелата е сместена во неокласичен олтар дизајниран од страна на Родолфо Вантини. Внатре е сместен жртвеникот со наслов Исус кој им проповеда на толпата дело од Микеланџело Григолети.[8] Од спротивната страна на левиот дел, е сместена статуата на верата дело на Џовани Селерони, додека од десната страна се наоѓа делото Надеж изработено од Џовани Антонио Емануели. Над делот на исповедникот се наоѓа големото платно на кое е прикажана преподобната Анунсиата Кочети, насликана од уметникот Габриеле Салери во 1990 година;
  3. третиот олтар кој е сместен од десната страна, составен е само од ѕидна фреска насликана во поставеност на перспектива. Тука е сместен монументалниот ковчег на Сант Аполонио, украсен со префинети барелјефи и претставува значаен пример на ренесансната скулптура на градот Бреша. Тоа дело му се препишува на Гаспаро Каирано, кој се претпоставува дека го создал помеѓу 1508 и 1510 година. Ковчегот првично бил сместен во базиликата Сан Пјетро де Дом, а потоа бил преместен во Дуомо Векио. Тоа преместување се случило за време на изградбата на новата катедрала и оттаму фактот како е пристигнато во новото Дуомо. Оваа капела претставувала единствената која пристигнала целосно украсена и завршена според оригиналниот проект на катедралата. Пред ковчегот постои урна направена од украсено стакло и други материјали на која е претставена реликвијата на Свети Бенедикт Нурсиски. Урната е дизајнирана од уметникот Грациано Фериани;
  4. Позадинскиот олтар кој се наоѓа на десната патека, ги има украсите наречени вера и смирение изработени од страна на Антонио Калегари. Таму исто така е сместен ангелот чувар од 19 век, дело насликано од Лујџи Базилети;
  5. Во делот наречен презвитериум, на страничните ѕидови, се конзервирани статуите на Сан Гауденцио и Сан Филастрио исто така дела на Антонио Калегари, додека во делот на главниот олтар е сместено Успението на Џакомо Зоболи, нарачана директно од страна на кардиналот Анџело Марија Кверини во 1732 година. Оваа нарачка била насликана во Рим, а завршена и позиционирана некаде во 1735 година. Високиот олтар бил завршен и ставен во употреба во 1737 година;[9]
  6. Во позадинскиот олтар, но на левата патека е сместено Успението кое го почитуваат светите Чарлс и Фрањо и епископот Марино Џорџи дело од Јакопо Палма ил Џоване. Оваа изведба претставува исто така и гробница на епископот Џорџи. Во овој случај, самиот олтар е исто така многу важен, инаку тој е дело на Лоренцо Бинаго некаде од почетокот на XVII век. Се чини дека овој олтар има доста традиционален распоред, но во реалноста, тој претствува првиот олтар кој бил изграден до тој момент со таков распоред и затоа тој претставува еден вид на прототип. Според тој олтар биле градени сите странични олтари од времето на почетокот на XVII век во градот Бреша, но веројатно и во цела Северна Италија. Тој воедно претставува практично и архетип за изглед на сите ломбардски странични олтари од тоа време;[2]
  7. Третиот олтар од левата страна е посветен на Никола да Толентино. Тој е украсен со еден полусокриен дел и го сместува платното со светите Никола да Толентино, Фаустино и Џовита во молитва. Ова платно е изработено во 1679 година од страна на Џузепе Нуволоне;
  8. На левиот позадински ѕид на централниот крак од грчкиот крст е сместен Споменикот на папата Павле VI, дело од 1984 година на уметникот Рафаеле Скорзели. Во подножјето на споменикот се наоѓа гробниот камен на епископот Лујџи Морстабилини, додека од десната страна, во делот на монструмот, се наоѓа реликвијата на свети апостол Андреја, која претствува подарок од страна на папата на неговиот роден град. Над споменикот висат четири платна во вид на ротонда, изработени од Романино, на кои се прикажани бракот на Богородица, Раѓањето на Богородица и Посетата;
  9. Првата капела која се наоѓа на левата страна е зафатена од крстилницата. Таа е украсена со бронзена статуа на Свети Јован Крстител, оригинално дело на Клаудио Бота;
  10. Пред влезот на делот наречен сакристија на десната страна од презвитериумот е сместена сликата на Сан Антонио од Падова изработена од Џузепе Нуволоне;
  11. Потпрен на левиот столб на влезот се наоѓа гробот на бискупот Ферари изработен од Џовани Антонио Емануели, додека на гробот на епископот Нава, е потпрен на десната страна и претставува дело на Гаетано Матео Монти.

Во една просторија во непосредна близина на катедралата се наоѓа вредниот артефакт Благословот на Христос, кој можел да води потекло од првата половина на 16 век. Овој потфат му се припишува на некој извесен член од семејството Пјаца.

Погребни споменици во катедралата

Органи на цевки (оргули)[уреди | уреди извор]

Во катедралата има два монументални лулести органи (цевни органи или оргули) и тоа: инструментот Масиони Опус 898 (од 1968 година) и инструментот Тоноли - Поро (од 1855 година). И двата инструменти се поставени соодветно во хорот, односно рогот на Евангелието и во рогот на Посланијата. Двата звучни елементи се сместени во кутии изработени во неокласичен стил.

Оргула Тоноли-Поро[уреди | уреди извор]

Инструментот Тоноли бил изграден во 1855 година со еден прирачник (вториот бил додаден во 1880 година) за да го замени претходната оргула од 1750 година. Инструментот бил реконструиран во 1906 година од страна на Диего Поро и бил подложен на генерално чистење кој го направил Џанлука Чиминели во периодот на 2005 и 2006 година.

Оргула Масиони[уреди | уреди извор]

Оргулата изработена од цевки Масиони, опус 898 бил изграден во 1968 година, а реставриран и надополнет од истата компанија (Масиони) во 2005 година.

Инструментот е со електричен менувач. Цевките се сместени помеѓу телото на инструментот во хорот на мансарда во рогот на Евангелието (поседува Позитив, Еспресиво дел, една педала и еден Гранд'Органо) и експресивното куќиште поставено зад античкиот барокен висок олтар (рогот на Посланието). Конзолата, пак од друга страна, се наоѓа во делот на презвитериумот и има вкупно три тастатури од по 61 нота и една конкавна-радијална педала со вкупно 32 ноти.

Епископите од Бреша погребани во катедралата[уреди | уреди извор]

  • Анаталоне (1 епископ од Бреша, од 3 век)[10]
  • Аполонио (5-ти епископ од Бреша, од 4 век)[7][11]
  • Филастрио (8-ми епископ од Бреша, од 4 век)[12]
  • Марино Зорзи (Ѓорѓи) (99-ти епископ на Бреша од 1596 до 1631 година)[13]
  • Марино Џовани Зорзи (Ѓорѓи) (103-ти епископ на Бреша од 1664 до 1678 година)[14]
  • Бартоломео Градениго (104-ти епископ на Бреша од 1682 до 1698 година)
  • Џовани Алберто Бадоер (106-ти епископ на Бреша од 1706 до 1714 година)[15]
  • Анџело Марија Кверини (109-ти епископ на Бреша од 1727 до 1755 година)[16]
  • Џовани Молин (110-ти епископ на Бреша од 1755 до 1773 година)[17]
  • Џовани Нани (111-ти епископ на Бреша од 1773 до 1804 година)[18]
  • Габрио Марија Нава (112-ти епископ на Бреша од 1807 до 1831 година)[19][20]
  • Карло Доменико Ферари (113-ти епископ на Бреша од 1834 до 1846 година)[21][22]
  • Џироламо Верзери (114-ти епископ на Бреша од 1850 до 1883 година)[23]
  • Џакинто Гаџа (116-ти епископ на Бреша од 1913 до 1933 година)[7][24]
  • Џакинто Тредичи (117-ти епископ на Бреша од 1933 до 1964 година)[7][25]
  • Лујџи Морстабилини (118-епископ на Бреша од 1964 до 1983 година)[26]

Галерија со слики[уреди | уреди извор]

Ентериер[уреди | уреди извор]

Надворешни елементи на катедралата[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 De Leonardis 2008 & pp. 114-116.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Panazza & Boselli 1974.
  3. „Duomo Nuovo, Piazza Paolo VI - Brescia (BS) – Architetture – Lombardia Beni Culturali“.
  4. 4,0 4,1 „Uncategorized“ (италијански).
  5. „Comune di Brescia - Portale istituzionale del turismo“. Архивирано од изворникот на 2017-04-04. Посетено на 2023-03-16.
  6. L'Italie des italiens (француски). 1. Parigi: E. Dentu, éditeur. стр. 341.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Предлошка:Cita libro
  8. Il Duomo Nuovo di Brescia. Brescia: Grafo. стр. 39, 168.
  9. I Vescovi di Brescia. Brescia: Moretto. стр. 190.
  10. Le epigrafi del Duomo di Brescia. Roma, Brescia: Studium. стр. 122.
  11. , 1, OCLC 163181886 http://www.enciclopediabresciana.it/enciclopedia/index.php?title=APOLLONIO,_S. Отсутно или празно |title= (help)
  12. Le epigrafi del Duomo di Brescia. Roma, Brescia: Studium. стр. 134.
  13. I Vescovi di Brescia. Brescia: Moretto. стр. 169.
  14. I Vescovi di Brescia. Brescia: Moretto. стр. 177.
  15. I Vescovi di Brescia. Brescia: Moretto. стр. 183.
  16. I Vescovi di Brescia. Brescia: Moretto. стр. 197.
  17. Le epigrafi del Duomo di Brescia. Roma, Brescia: Studium. стр. 148.
  18. Le epigrafi del Duomo di Brescia. Roma, Brescia: Studium. стр. 130.
  19. Il duomo nuovo e il duomo vecchio di Brescia. Guida alle cattedrali. Brescia: Società per la storia della chiesa. стр. 20. OCLC 886613159.
  20. , 10, OCLC 163182040 http://www.enciclopediabresciana.it/enciclopedia/index.php?title=NAVA_Gabrio_Maria Отсутно или празно |title= (help)
  21. Il duomo nuovo e il duomo vecchio di Brescia. Guida alle cattedrali. Brescia: Società per la storia della Chiesa. стр. 30. OCLC 886613159.
  22. , 4, OCLC 163181951 http://www.enciclopediabresciana.it/enciclopedia/index.php?title=FERRARI_Carlo_Domenico Отсутно или празно |title= (help)
  23. L'episcopato di Girolamo Verzeri 1850-1883. Brescia: Ateneo di Brescia. стр. 421.
  24. , 5, OCLC 163181971 http://www.enciclopediabresciana.it/enciclopedia/index.php?title=GAGGIA_Giacinto Отсутно или празно |title= (help)
  25. , 19, OCLC 300015377 http://www.enciclopediabresciana.it/enciclopedia/index.php?title=TREDICI_Giacinto Отсутно или празно |title= (help)
  26. , 10, OCLC 163182040 http://www.enciclopediabresciana.it/enciclopedia/index.php?title=MORSTABILINI_Luigi Отсутно или празно |title= (help)

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Други проекти[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

VIAF (ИТ) 157173843 ISNI (ИТ) 0000 0001 0495 5515 LCCN (EN) n88029387 GND (DE) 1087200164· Идентитети на WorldCat ( EN ) lccn-n88029387