Прејди на содржината

Урвич

Координати: 41°57′3″N 20°53′39″E / 41.95083° СГШ; 20.89417° ИГД / 41.95083; 20.89417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 02:36, 6 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Демографија: Јазично подобрување, replaced: |Други → |останати)
Урвич

Панорама на Урвич

Урвич во рамките на Македонија
Урвич
Местоположба на Урвич во Македонија
Урвич на карта

Карта

Координати 41°57′3″N 20°53′39″E / 41.95083° СГШ; 20.89417° ИГД / 41.95083; 20.89417
Општина Општина Боговиње
Население 756 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28085
Надм. вис. 1120 м
Урвич на општинската карта

Атарот на Урвич во рамките на општината
Урвич на Ризницата

Урвич — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Урвич се наоѓа под југоисточните падини на Шар Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 1.120 метри. Оддалечено е 23 километри југозаапдно од градот Тетово.

Историја

Урвич во 18 век било воглавно населено со население кое било доселено од Гора и малку од Албанија.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Урвич живееле 360 жители, сие муслимани.[2]

Според Афанаиј Селишчев во 1929 година, Синичане — село во Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и има 145 куќи со 780 жители, Македонци.[3]

Според пописот од 2002 селото брои 756 жители, од кои најголем дел се Македонци муслимани - Горанци, но од различни политичко-верски причини се изјасниле како Турци и Албанци.[4]

Националност Вкупно
Македонци 1
Албанци 113
Турци 640
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 2

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360[2] 780[3] 654 1.027 770 747 830 774 811 756

Родови

Урвич е македонско (горанско) село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Ѓуклевци (7 к.) староседелци. Тие се единствени староседелци во селото. Исламот го примиле во 18 век. Тие имаат православни Македонци како роднини во градот Тетово. И од денешните Ѓуклевци има иселеници во Тетово (две семејства).
  • Јудинци (36 к.) доселени се од селото Рестелица во Гора. Доселени се во втората половина на 18 век. Викаат дека и сега во Рестелица постои Јудинска Маала, каде они порано живееле. Имаат иселеници во Боговиње, Синичане, Тетово (седум семејства), Турција (десет семејства) и во поранешна Чехословачка (едно семејство).
  • Чупкинци (2 к.) гранка се од претходниот род.
  • Шеановци (9 к.) доселени се од некое село во Гора. Имаат иселеници преку 10 семејства во Горно Седларце, Голема Речица, Тетово, Бугарија и Турција.
  • Борјанци или Потуровци (29 к.) доселени се од Гора. Поточно од селото Борје кое сега се наоѓа во Албанија. Имаат иселеници во Синичане, Тетово (едно семејство) и во САД (едно семејство).
  • Сиџимовци (13 к.) и Левичаровци (7 к.) доселени се од некое село во Гора. Порано биле еден род. Од Сиџимовци има иселеници во Тетово, Јеловјане и Турција.
  • Рзовци (3 к.) доселени се од селото Борје во Гора. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Паљузинци (6 к.) доселени се од некое село во Гора. Го знаат следното родословие: Мемет (жив на 75 г. во 1948 година) Беќир-Белул, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (таму изумреле) и во Турција.
  • Ајдаровци (7 к.) доселени се од некое село во Гора. Го знаат следното родословие: Исмаил (жив на 50 г. во 1948 година) Идриз-Несим-Зубер, кој се доселил.
  • Царевци (13 к.) најстари доселеници во селото. Кога дошле зборувале албански, но мешајќи се со Горанците го примиле македонскиот јазик. Доселени се од Љусна во северна Албанија. Имаат иселеници во Долно Палчиште, Синичане, Челопек, Горно Седларце, Голема Речица, Бугарија и во Турција.
  • Мета (21 к.) и Тушевци (14 к.) некои кажуваат дека се доселени од Љусна, а други од Матија во Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век. Од Мета има иселеници во Камењане, Тетово (шест семејства), Скопје (четири семејства) и во Турција (пет семејства). Од Тушевци има иселеници во Тетово (шест семејства) и во Бугарија (две семејства).[5]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2058 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 669 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
  4. 4,0 4,1 Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски