Озал (тврдина)
Изглед
Тврдина Озал Stari grad Ozalj | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Озал |
Земја | Хрватска |
Стариот град во Озал се наоѓа во градот Озал, во Хрватска. Овој комплекс бил изграден во XVIII век. Во градот се влегува преку мост. Влезната кула била изградена во 1599 година. Градот се споменува во 1244 година кога бил под управа на Бобоничите, од 1398 година под франкопаните, а од 1550 година под Зринските. Кулата има форма на четриаголник, а во него се наоѓа и една капела од готско време, палатата на Никола Зрински, која исто така датира од времето на готиката. Во тој дел од градот биле пронајдени темелите од некогашните ѕидини. Рушевините биле обновени во средината на XVIII век. Денеска, овде се наоѓа Завичанскиот музеј.