Цетинградска тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цетинградска тврдина
Tvrđava Cetin
Cetin.jpg
Општи податоци
Град Цетинград
Земја Хрватска


Цетинградската тврдина се наоѓа во близина на градот Цетинград, во Хрватска. За изградбата на тврдината, за нејзиното стратегиско место при одбирањеето на локацијата се уште денеска не е познато. Римските натписи на камените плочи, кои најверојатно се наоѓаат во Виена, се доказ дека со овие простори некогаш владееле римјаните, односно дека градот во тоа време постоел. Освен тврдината, во нејзина непосредна близина се наоѓа пат, кој ги поврзувал северните делови на Хрватска со Јадранот.

Во текот на средновековието, градот бил еден од најразвиените на овие простори. Градот бил под владеење на Франкопаните, а по смртта на Иван Франкопан Цетински, градот паднал под владеење на Франкопан Слунџски. По Мохачкаа битка, дошло до ладење на односите помеѓу тогашната унија со Унгарија. Подоцна, тврдината паднала во рацете на Османлиите, и таа била разрушена при преземањето. Во 18 век, тврдината била обновена. Во следните години, тврдината заедно со градот биле под управа на Австрија, па повторно под Османлиската империја. Денеска, од тврдината има остатоци.