Одри

Координати: 42°07′31″N 21°05′19″E / 42.12528° СГШ; 21.08861° ИГД / 42.12528; 21.08861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 03:23, 6 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Демографија: Јазично подобрување, replaced: | други → | останати)
Одри

Патен знак пред селото Одри

Одри во рамките на Македонија
Одри
Местоположба на Одри во Македонија
Одри на карта

Карта

Координати 42°07′31″N 21°05′19″E / 42.12528° СГШ; 21.08861° ИГД / 42.12528; 21.08861
Општина Теарце
Население 1739 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28052, 28552
Надм. вис. 612 м
Одри на општинската карта

Атарот на Одри во рамките на општината
Одри на Ризницата

Одри — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во североисточните падини на Шар Планина. Оддалечено е 18 километри северно од градот Тетово.

Историја

Селото првпат се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година, каде е забележано како село со 70 домаќинства.[2]

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Одри живееле 320 жители, од кои 210 Македонци и 110 Албанци.[3]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Одри имало 360 Македонци, патријаршисти.[4]

Според пописот од 2002 година Одри има 1.739 жители. Следува етничката структура на населението:[5]

Националност Вкупно
Македонци 139
Албанци 1 598
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.246
1953 532 778 28 1.338
1961 518 842 3 1.363
1971 549 1.154 9 4 1.716
1981 572 1.460 1 1 6 2.040
1994 168 1.436 4 1.608
2002 139 1.698 2 1.739

Родови

Одри е македонско-албанско село.

Родови во селото се:

  • Македонски родови:
  • Кузмановци (2 к.), староседелци. Имаат неколку изумрени семејства.
  • Мечкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Беловиште, Требош и Вратница.
  • Стамен (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Прељубиште.
  • Басарковци (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
  • Китановци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), иселени преку Тетово.
  • Илини (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Америка (едно семејство).
  • Колепкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (две семејства).
  • Трпчевци (4 к.), староседелци.
  • Чанчула (2 к.), староседелци.
  • Милановци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош и во Скопје (едно семејство).
  • Тодоровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош.
  • Стееќевци (28 к.) доселени се од соседното сега албанско село Првце, овде се населиле на почетокот од XIX век. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 48 г. во 1940-тите) Трпе-Лубе-Симун-Паун, еден од нивните први доселеници, од Паун постои гранка Пауновци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Требош и во Гостивар (едно семејство).
  • Огњановци (3 к.) се викаат и Поповци, доселени се од Селце, сега раселено село над Одри.
  • Илијевци (1 к.) доселени се од Битолско. Имаат иселеници во Требош и Фалише.
  • Шегуловци (5 к.) доселени се од неко— село во Гостиварско.
  • Албански родови:
  • Колесњан (33 к.) први муслимански доселеници, доселени се пред околу 230 години од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Бељул (жив на 48 г. во 1940-тите) Јусуф-Ислам-Раман-Рамадан-Зенел, еден од нивните први доселеници.
  • Кикировци (33 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Потекнуваат од тројца браќа, го знаат следното родословие: Рамадан (жив на 73 г. во 1940-тите) Кадри-Фариз-Кадри, еден од браќата кој се доселил. Еден предок од овој род се оженил со некоја Ромка, која ја викале Кикировка. Имаат иселеници во Прељубиште.
  • Љума (27 к.) името го добиле по областа во северна Албанија од каде се доселиле. Го знаат следното родословие: Исни (жив на 42 г. во 1940-тите) Беџет-Зилбеар-Садик, еден од нивните први доселеници.
  • Ромски род: Осман (1 к.) рано доселени од Гнилане, дома зборуваат на албански.[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2015 и 2016 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.739 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
  4. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  5. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2010-01-12.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Наставен кадар » Доценти » Доц. д-р Лулзим Муртезани“. Педагошки факултет - Скопје. Архивирано од изворникот на 2009-11-23. Посетено на 2010-01-12.
  11. „Во Детроит промоција на „Монографијата Стамевски". IDIVIDI.com. 26 септември. Посетено на 2010-01-12. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски