Ремзи Несими
| Ремзи Несими | |
|---|---|
| Роден(а) | 25 декември 1933
Одри, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Починал(а) | февруари 3, 2018 (возр. 84) Скопје, Македонија |
| Занимање | албанолог, јазичар, професор и истражувач |
Ремзи Несими (албански: Remzi Nesimi; Одри, 25 декември 1933 - Скопје, 3 февруари 2018 ) - македонски албанолог, јазичар, професор и истражувач. Познат е по тоа што тој бил еден од најистакнатите албанолози во Македонија и воопшто во светот. Особено бил значаен неговиот придонес во филолошките науки во областа на дијалектологијата и промовирањето на јазичното богатство.
Животопис
[уреди | уреди извор]Несими е роден 25 декември 1933 година во тетовското село Одри. Средно училиште завршил во Тетово, факултетот и последипломските студии на Универзитетот во Белград, а докторирал на Универзитетот во Приштина. Работел како лектор по албански јазик при катедрата за албански јазик и литература на Универзитетот во Белград од 1962 до 1964 година, па потоа како предавач по албанскиот јазик на Педагошката академија во Скопје во периодот од 1964 до 1975 година. Бил и професор на Катедрата за албански јазик и книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје од 1975 до 1999 година. тој е автор на неколку научни книги и над 200 статии во периодични и научни списанија.[1] Несими бил учесник – делегат и на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во Тирана во 1972 година, којшто е сметан за најзначаен за оформувањето на стандардниот албански јазик, а каде што Несими го претставил рефератот „Процесот на унифицирање на литературниот албански јазик во Македонија“. Починал на 3 февруари 2018 година во Скопје. Почива во родното село.[2]
Награди
[уреди | уреди извор]- 2021 - Орден за заслуги за Македонија (постхумно)[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Koliqi, Hajrullah (2002). Historia e arsimit dhe e mendimit pedagogjik shqiptar. Prishtinë: Libri shkollor. ISBN 9951-07-084-1. Text "fq. 503-504" ignored (help)fq. 503-504
- ↑ Почина познатиот професор и истакнат албанолог Несими[мртва врска]
- ↑ „Орден за заслуги за Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов“. Дојче Веле. 23 јули 2021. Посетено на 24 јули 2021.
- Родени во 1933 година
- Луѓе од Одри
- Починати во Скопје
- Починати во 2018 година
- Македонски Албанци
- Македонски универзитетски професори
- Македонски јазичари
- Југословенски Албанци
- Југословенски универзитетски професори
- Југословенски јазичари
- Албанолози
- Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје
- Носители на Орденот за заслуги за Македонија
- Апсолвенти на Белградскиот универзитет
- Магистри на Белградскиот универзитет
- Доктори на Приштинскиот универзитет