Милја (село)
| Милја Μηλιά | |
|---|---|
Влезот на селото | |
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°15′N 22°18′E / 40.250°N 22.300°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Пиерија |
| Општина | Катерина |
| Општ. единица | Локово |
| Надм. вис. | 450 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 293 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Милја или Средна Милја (грчки: Μηλιά или Μεσαία Μηλιά) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 293 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 21 км западно од градот Катерина, во југоисточното подножје на планината Шапка, на надморска височина од 450 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Во XIX век Милја било грчко село во Катеринската каза на Солунскиот санџак.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 670 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 545 лица.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 612 | 608 | 765 | 508 | 442 | 423 | 430 | 352 | 293 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште
- Поранешна градинка
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1918 година, селото станало самостојна општина.[2] Во 1966 година, седиштето на општина Милја било префрлено во соседното село Долна Милја. Општината Милја била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.
Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Милја, во кој влегуваат селата Горна Милја, Долна Милја, Кариес и Фтери.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]
Цркви
- Црква „Св. Евстатиј“ — главна селска црква
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во 1898 година, прогласена за споменик на културата[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 3 4 5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 279.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/52382/1296/16-1-1989 - ΦΕΚ 114/Β/20-2-1989“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 11 април 2024.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||