Горна Милја
Горна Милја Άνω Μηλιά | |
---|---|
Викендици во селото | |
Координати: 40°15′N 22°16′E / 40.250° СГШ; 22.267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Локово |
Надм. вис. | 940 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 19 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Горна Милја (грчки: Άνω Μηλιά) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 19 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа западно од градот Катерина и 3 км западно од Милја, во источниот дел на планината Шапка, на надморска височина од 940 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Горна Милја за првпат се спомнува во пописот од 1940 г. кога е заведена со 62 жители. Всушност таа претставувала колибарска населба на жителите на Милја. Во пописот од 1951 г. не се споменува бидејќи селото настрадало во Грчката граѓанска војна и населението го напуштило. Во 1990-тите тоа било обновено, а во пописот од 1991 г. се забележани 43 жители.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 62 | — | — | — | — | — | 43 | 55 | 19 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Милја, во кој влегуваат истоименото село и Долна Милја, Кариес и Фтери.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Петка“ — изградена во XVII век[3]
Параклиси
- „Св. Козма Етолски“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 268–269.
- ↑ „Byzantine and Post Byzantine Monuments“. Pieria Tourism. Посетено на 11 април 2024.
|