Прејди на содржината

Локово

Координати: 40°10.52′N 22°19.48′E / 40.17533° СГШ; 22.32467° ИГД / 40.17533; 22.32467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Локово
Πέτρα
Параклисот „Св. Давид“ во селото
Параклисот „Св. Давид“ во селото
Локово is located in Грција
Локово
Локово
Местоположба во областа
Локово во рамките на Катерина (општина)
Локово
Местоположба на Локово во општината Катерина и областа Централна Македонија
Координати: 40°10.52′N 22°19.48′E / 40.17533° СГШ; 22.32467° ИГД / 40.17533; 22.32467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаЛоково
Надм. вис.&10000000000000520000000520 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно33
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Локово (грчки: Πέτρα, Петра; до 1927 година Λόκοβη, Локови[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северното подножје на планината Олимп, на 28 км западно од градот Катерина и Егејското Море. Близу селото е сместен Локовскиот манастир „Воведение на пресв. Богородица“, седиште на Локовската (Петренска) епархија која постоела до 1896 г.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е спомнато Трифон Евангелидис (1863-1941) кој во него забележал урнатини од две цркви со икони од 1710 г.[3] Воедно забележал и урнатини од тврдина од византиско време.

Локово како македонско село постоело одамна, но замрело, и било обновено од Грци во XX век. Во црквата „Св. Ѓорѓи“ има икона на Соборот на Апостолите, дело на кулакиски мајстор од втората половина на XIX век.[4]

Обновеното село за првпат се спомнува на пописот од 1940 г. со 105 жители.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 105 749 190 149 80 78 120 37 33
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. "Καζταρίδη Ι. Φ., Η Πιερία των περιηγητών και των γεωγράφων"σελ. 192
  4. Γραίκος, Νικόλαος (2007). Κουλακιώτες ζωγράφοι στην ευρύτερη περιοχή της Κατερίνης κατά τον 19ο αιώνα (грчки). Αθήνα: Εικοστό Έβδομο Συμπόσιο Βυζαντινής και Μεταβυζαντινής Αρχαιολογίας και Τέχνης. Πρόγραμμα και περιλήψεις εισηγήσεων και ανακοινώσεων. Βυζαντινό και Χριστιανικό Μουσείο, 11–13/5: Χριστιανική Αρχαιολογική Εταιρεία. стр. 35. Посетено на 15 юни 2014. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 277. ISBN 9989-9819-5-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]